Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Продолжуваме со рехабилитација на транзит низ Штип до Ново Село, Владата останува најголем инвеститор во општините

0
By Marta Pesevska on June 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Бочварски: Продолжуваме со рехабилитација на транзит низ Штип до Ново Село, Владата останува најголем инвеститор во општините
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2023 18:15

Оваа Влада како никоја претходна досега, инвестира најголеми средства за подобрување на патната мрежа во државата, го стимулира локалниот развој, реализира најобемна помош за општините и генерално во континуитет го  подобрува животниот стандард за граѓаните.  И тоа го работиме непрекиното сите овие години, истакана министерот Бочварски при денешиот увид на рехабилитација на транзитот  Штип-Ново Село.

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски, извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип ( делница транзит Штип).

Инвестицијата е вредна 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена е рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.

Ова е продолжение на транзитот низ Штип кој се рехебилитираше минатата година за што Јавното претпријатие инвестираше преку 42 милиони денари.

“Со директорот Ацевски сме во Штип каде започнуваме со реконструкција на транзитот низ Ново Село, патен правец кој го поврзува градот со новиот експресен пат кон Радовиш. Ова е продолжение на реконструкцијата на транзитот низ Штип што го рехабилитиравме минатата година, за што инвестиравме преку 42 милиони денари. Тука во Штип, оваа Влада инвестираше значајни средства и реализираше многу проекти кои го подобрија и олеснија животот на Штипјани, а Штип стана центар на Истокот на државата.
Го поврзавме градот со два нови експресни патишта кон Радовиш и кон Кочани, потоа преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме над 50 милиони денари за рехабилитација на неколку улици низ градот, активно ја градиме браната на река Отиња, а ја завршивме изградбата на водоводните системи во населбите Блок 77, Каваклија и Македонка. И навистина ми е драго секој пат кога започнуваме некој проект овде, бидејќи знам дека сме направиле многу за Штип, сме помогнале да се решат голем број проблеми и сме биле тука кога највеќе сме им биле потребни на граѓаните.  Верувам дека нашата заложба за обезбедување подобри услови за живот е препозната и сакам да уверам дека така продолжуваме и понатаму. За нас сите граѓани се важни, сите општини ни се подеднакво важни” изјави министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, истакна дека претпријатието работи на санација на патиштата во сите региони во државата, а во следниот период посебен фокус ќе стави на рехабилитација на патиштата оштетени од невремето што ја погоди државата изминатиов период.

“Денеска ја започнуваме рехабилитацијата на овој правец значаен за Штипјани. Инвестираме 11 милиони денари и очекувам дека реконструкцијата ќе ја завршиме за две недели. Работиме интензивно во сите региони реализирајќи ја програмата на Јавното претрпијатие за оваа година. Фокус во наредниот период ќе ставиме на рехабилитација на патиштата кои се оштетени од поројните дождови”, истакна Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

бочварски градежни активности рехабилитација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.