Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
По уште една драма на Светското првенство Уругвај го заврши настапот во Катар и покрај победата против Гана од 2:0. Јужна Кореја успеа да слави против Португалија со 2:1 со гол во самиот финиш и така на местото на Уругвајците патува во осминафиналето. Елиминацијата уругвајските фудбалери тешко ја поднесоа, па дури и ги нападнаа судиите. Едисон Кавани во финишот беше соборен во шеснаесетникот и Уругвајците бараа пенал, сепак судијата Даниел Зиберт ја отфрли можноста да досуди најстрога казна, дури не сакаше ниту да гледа ВАР. По крајот на натпреварот Кавани, Годин и уште неколку репрезентативци жестоко го нападнаа и бараа објаснување.…
Автобусите на приватните превозници од 6 часот утринава беа паркирани на булеварот „Илинден“ од семаформите после Влада до „МИ-ДА“. Како што беше и најавено, блокирана беше само десната лента од булеварот.
Еден ден по неговиот неконтролиран настап на ТВ Пинк каде што искажа силни навреди за косовскиот премиер и новоназначените српски функционери во косовска влада, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен, заедно со колегите од Владата, да ја разгледаат можноста за промена на одлуката да не се патува во Тирана, каде што ќе се одржи Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан.
Во средината на октомври 2016 година, Руската православна црква го отвори својот „духовен и културен центар“ со поставување на златна купола на врвот на идната црква Света Троица на кејот Бренли во Париз. Ништо невообичаено, освен фактот дека идната црква се гради на дофат на Палатата Алма, во која се вршат поштенските услуги на Елисејската палата и тука се приватните станови на високите претседателски советници. Тоа што многумина би го отфрлиле како конспиративна параноја е многу веројатно обид за користење на ова место за богослужба , заедно со другите руски цркви, како центри за електронски надзор и прислушување на француските…
Можеби некои сметаат дека она што го говори Апасиев не е толку важно, бидејќи никогаш нема да биде во позиција на одлучување, но тука многу луѓе грешат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски кажа дека економската криза ги очајува луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса на радикализмот на Апасиев. -Тоа не е само нешто што се случува овде во Северна Македонија, туку и во Италија, САД, Германија и Франција. Знаете ли кој е доказот дека Апасиев и Левица се посилни? Фактот што ги зеле Мицкоски и…
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека водел грижа во оваа тешка криза никој да не биде изоставен или пак заборавен. За време на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ од Куманово, тој рече дека за него било најважно да бидат заштитени финансиски најзагрозените граѓани, пензионерите со мали пензии, самохраните родители, социјалните случаи, другите ранливи категории граѓани, а од друга страна да се заштити и достоинството на работниците. -Тоа е основата на социјалдемократијата која Куманово многу добро ја познава. Затоа пред да се донесат антикризните мерки, со мојот тим деноноќно имав консултации во кои беа вклучени експерти, работодавачи, здруженија, преставници…
„Штајнмајер како претседател на Германија јасно нагласи дека ние сме Македонци и Македонки. Но, упати и јасни укори кон опозицијата дека нивната националистичка реторика, која служи само за собирање гласови, не е дел од европската култура“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24. Тој додаде дека германскиот претседател јасно кажа л дека во јуни и јули се виде кој се залага и работи за евроинтеграциите на државата. „Германскиот претседател во неговото обраќње во Собранието укажа дека европскиот пат зависи од нас и тоа како ние ќе се однесуваме. Во моментов единствена кочница за европскиот пат на…
Кулеба за експлозија во амбасадата на Украина во Шпанија: Ова е напад врз дипломатско претставништво
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, експлозијата во плик во Амбасадата на Украина во Шпанија ја нарече напад врз дипломатско претставништво и терористички напад.
Германскиот Бундестаг го призна Холодомор од 1932-1933 година за геноцид врз украинскиот народ. Како што јави дописникот на Укринформ, резолуцијата беше усвоена со мнозинство гласови, без пребројување, со кревање рака. За резолуцијата гласаа четири фракции. Левица и Алтернатива за Германија беа воздржани. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им се заблагодари на пратениците во Бундестагот за историската одлука да се признае Холодомор од 1932-1933 година за геноцид врз украинскиот народ. „Германија го призна холодоморот од 1932-1933 година како геноцид. Им благодарам на пратениците во Бундестагот за оваа историска одлука. Вистината секогаш победува“, објави Зеленски на Твитер. За ваквата одлука на Бундестагот му…
Соединетите Американски Држави во средата соопштија дека повеќенеделната руска кампања насочена кон нападите врз виталната инфраструктура за греење, електрична енергија и водоснабдувањето на Украина нема да ја намали решеноста на Западот да го поддржи Киев во неговата деветмесечна борба против инвазијата на Москва. Американскиот државен секретар Антони Блинкен, по дводневниот самит на НАТО во Букурешт, Романија, на прес-конференција рече дека рускиот претседател Владимир Путин го фокусирал својот „оган и гнев“ против украинското цивилно население. „Топлина, вода, струја – ова се новите цели на претседателот Путин. Оваа брутализација на народот на Украина е варварска“, рече Блинкен. Највисокиот американски дипломат го обвини…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објави уште една радосна вест, овојпат за сите ученици: Од основните училишта во општина Центар, денес започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи. Обезбедуваме здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта. Извор: 24инфо
Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, изјави вчера градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, алудирајќи меѓу другите и на Ленин Јовановски, директорот на приватната компанијата „Слобода превоз“, пред најавената голема блокада на сообраќајот од приватните превозници. Невидениот сообраќен хаос во кој се најде Скопје поради блокадите на приватниците, но и раскопаните сообраќајници, може да се претвори во вистински дебакл на Арсовска, ако до петок не се најде решение и договор со „Слобода превоз“ и „Макеспрес“. Ако сообраќајниот хаос предизвикан изминативе…