Author: Marta Pesevska

Украински волонтери во знак на благодарност за хуманитарната помош од Северна Македонија сошиле македонско знаме со свои раце, објави на Твитер, украинската амбасадорка Лариса Дир. Неодамна, партија хуманитарна помош во вид на антибиотици со широк спектар пристигна во  од . Изразувајќи ја својата искрена благодарност за континуираната поддршка и помош што ја дава , волонтерите се фотографираа со  државно знаме кое тие го сошиле со свои раце! pic.twitter.com/dM1EnPjNRT — Larysa Dir (@dir_larysa) November 16, 2022 „Неодамна, партија хуманитарна помош во вид на антибиотици со широк спектар пристигна во Украина од Северна Македонија. Изразувајќи ја својата искрена благодарност за континуираната поддршка и помош што ја…

Read More

Украинските одбранбени сили во текот на изминатата недела ослободија 179 населби на десниот брег на Днепар во вкупна површина од повеќе од 4,5 илјади квадратни километри. Јужната оперативна команда даде своја изјава на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ. „ Нашите сили деокупираа 179 населби на десниот брег на Днепар, со вкупна површина од повеќе од 4,5 илјади квадратни километри во текот на изминатата недела. Мерките за стабилизација, вклучително и напорите за деминирање, се во тек во ослободените населби и области во регионот на Миколаев и регионот на Керсон“, се наведува во извештајот. Руските трупи продолжуваат да отвораат оган врз позициите на…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во своја објава на Фејсбук соопштува уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји. Секој ден поблиску до Европската Унија.

Read More

Основниот граѓански суд Скопје го одби како неосновано тужбеното барање на Миленко Неделковски за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета против новинарите Пред Основниот граѓански суд Скопје на ден 06.12.2021 година беше поднесена тужба од страна на Миленко Неделковски против новинарите Дејан Србиновски и Билјана Секуловска како и против директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска. Со оваа тужба се бараше утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета во врска со емисијата „25 Минути” со наслов: „Говор на омраза – зошто не се санкционира?“ емитувана на ден 12.09.2021 година на Телевизија 24, а во која од страна на тужените, тужителот…

Read More

Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две  реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите пречки во односите меѓу двете држави: „Ванчо Михајлов е дел од историјата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не значи дека ние сме се сложиле со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува“. И…

Read More

ЕСМ порачуваат дека АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север  не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваат топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, пренесува МИА.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул. Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош по експлозијата во Истанбул, информира Министерството за надворешни работи (МНР). „Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот @imamoglu_int и претседателот @RTErdogan по денешната експлозија во срцето на Истанбул“, напиша премиерот Ковачевски.

Read More

Не е точно дека некој сака да го укине студентскиот оброк, се бара трајно и системско решение за тој да функционира како што беше првично замислен, а по моделот кој се применува во Република Словенија, вели пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, пренесува МИА. Законот за субвенциониран студентски оброк како иницијатива на ЛДП од 2018 година беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата уште во 2020 година, но Министерство за образование и наука не најде можност системски да го имплементира, па лани реши да го менува на начин што се исплаќаа парични средства на трансакциските сметки на…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, покрај лошото менаџирање на градот и секојдневните скандали повторно „киксна“ при прославата на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември. Минатата година таа не се појави на доделувањето на наградите „13 Ноември“, а оваа година Град Скопје се уште ги нема објавено добитниците на наградата. Освен тоа, никој од администрацијата на Град Скопје не положи цвеќе, ниту оддаде почит на хероите кои го ослободија главниот град. За разлика од неа, владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи,…

Read More

Украинскиот претседател Зеленски даде ветување дека ќе се бори да ги истера руските сили од неговата земја откако тие се повлекоа од Херсон, оставајќи зад себе пустош, глад и мински стапици во градот. Руското повлекување од Херсон означи триумфална пресвртница во возвраќањето на Украина против инвазијата на Москва што почна пред речиси девет месеци. Жителите на Херсон ги гушкаа и бакнуваа украинските војници кои пристигнуваа како ослободители. „Ќе видиме уште многу такви поздрави на украинските војници кои ја ослободуваат територијата под контрола на Русија“, рече синоќа претседателот Володимир Зеленски во ноќното видеообраќање и им вети на луѓето во украинските градови…

Read More

Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по увидот на реконструираната полициска станица во Гази Баба.

Read More

Денеска, премиерот Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија изјави дека на седница на Влада ќе се разгледаат сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука. Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал…

Read More