Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, покрај лошото менаџирање на градот и секојдневните скандали повторно „киксна“ при прославата на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември. Минатата година таа не се појави на доделувањето на наградите „13 Ноември“, а оваа година Град Скопје се уште ги нема објавено добитниците на наградата.

Освен тоа, никој од администрацијата на Град Скопје не положи цвеќе, ниту оддаде почит на хероите кои го ослободија главниот град. За разлика од неа, владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје. Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата.

Наместо тоа, Арсовска ги покани дел од борците дел од борците од Народнослободителната антифашистичка војна на Македонија во нејзината канцеларија. Наместо таа да излезе и да оддаде почит, борците се појавија во нејзината канцеларија за средбата со градоначалничката.

Ова е прв пат актуелен градоначалник на главниот град вака да се однесува кон најголемиот празник на градот. Целосно да се запостават наградите „13 Ноември“ и да се омаловажи значањето на овој ден.