Украински волонтери во знак на благодарност за хуманитарната помош од Северна Македонија сошиле македонско знаме со свои раце, објави на Твитер, украинската амбасадорка Лариса Дир.

 

 

„Неодамна, партија хуманитарна помош во вид на антибиотици со широк спектар пристигна во Украина од Северна Македонија. Изразувајќи ја својата искрена благодарност за континуираната поддршка и помош што ја дава Северна Македонија, волонтерите се фотографираа со државното македонско знаме кое тие го сошиле со свои раце!“, пишува Дир.

Дел од лековите е доставен и во населеното место Никопол во Дњепропетровската област, која веќе неколку месеци се наоѓа под секојдневно брутално гранатирање од страна на руските војници, известуваат од украинската Амбасада.

Како што нагласуваат, овие медицински средства сега се исклучително потребни и на териториите на соседната Херсонска област ослободена од рускиот агресор, пред се за украинските воени и медицински установи, со кои жителите на Никопол ја поделиле оваа помош!