Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.

Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош по експлозијата во Истанбул, информира Министерството за надворешни работи (МНР).

„Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот @imamoglu_int и претседателот @RTErdogan по денешната експлозија во срцето на Истанбул“, напиша премиерот Ковачевски.