Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Израел начелно се согласи да му дозволи на Кипар да отвори поморски коридор меѓу тој остров и Појасот Газа, палестинска територија под израелска блокада, каде што хуманитарните потреби се огромни, потврди денеска израелското министерство за надворешни работи. -Постои во принцип одобрение за користење на тој (морски) пат, но остануваат уште неколку практични проблеми да се решат, изјави портпаролот на министерството, пренесе Бета. Тој план треба да придонесе за значително зголемување на испораката на хуманитарна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, по проверката на товарот на Кипар „под израелски надзор“, потсети тој. Кипар го предложи коридорот по избувнувањето на…
Германија и ЕУ финансиски ќе поддржат проект за зелен транспорт во Тирана, со 81,2 милиони евра. Договорот за финансирање го потпишаа министерот за финансии и економија Ервин Мете, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и директорката на KfW во Албанија, Брит Хоршке, вреден 50 милиони евра заем од германската влада и грант од 31,2 милиони евра, доделен од Фондот за инвестиции за Западен Балкан (WBIF). Вкупната проценета вредност на проектот е 110,37 милиони евра. Остатокот од средствата, односно 29,17 милиони евра ќе го покрие општина Тирана. -Проектот вклучува имплементација на систем за брз транзит со автобуси (Bus-Rapid Transit-BRT), со користење на…
Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска се сретна со либанскиот премиер Наџиб Микати, а тема на разговор беше ситуацијата во Црвеното Море, како и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради конфликтот меѓу Израел и Хамас. – Ескалацијата на конфликтите во Газа, Либан, Црвеното Море и поширокиот регион ќе придонесе за екстремно високо ниво на опасност и несигурност во светот, напиша Камерон на X, додавајќи дека Либан е подготвен да спречи понатамошни тензии. Објавата на Камерон се однесува на заканата дека војната во Појасот Газа ќе се прошири надвор од границите на палестинските територии и Израел и во услови…
На 40 000 земјоделци, до утре, прв пат во историјата на државата, авансно ќе им бидат исплатени 30 проценти од субвенциите или 750 милиони денари. Поддршка ќе добијат и поледелците и овоштарите и градинарите и лозарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој ги повика сите земјоделци да го искористат правото и до 30 декември да аплицираат за дополнителната поддршка на база на новиот модел на субвенционирање. Николовски на средба со новинарите ја оцени измината година како успешна, со голем број реализирани реформи и програми. Во 2023-та, рече, вкупната реализација на Програмата за директни плаќања достигна…
Република Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Со проевропска влада како оваа што ја предводи СДСМ во брзи рокови до 2030 година ќе бидем членка на ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање. Ковачевски посочи дека според анкета објавена вчера, 80 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ. – И натаму се движиме и таму и ќе бидеме, рече премиерот. Според него, досега не сме имале појасен заклучок од Европскиот совет од овој што го имаме сега. -Заклучокот е еден параграф и во него се вели дека Република Северна Македонија успешно…
Хезболах и израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска повторно разменија оган преку либанската граница, објавија двете страни, пренесе ДПА. Хезболах соопшти дека пукал од јужен Либан врз израелските единици во Мисгав во северен Израел и Беит Хилел на Голанската висорамнина окупирана од Израел. ИДФ извести дека израелски борбени авиони ги погодиле базите и инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан во текот на ноќта и во раните утрински часови. Израелските тенкови потоа пукаа врз цели на Хезболах во јужен Либан подоцна во текот на денот. Во извештајот се вели дека сирените за воздушен напад се огласиле во Рош Ханикра на брегот на…
Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград се одржува осмиот протест поради наводната изборна кражба, организиран од опозициската коалиција „Србија против насилството“. Неколку стотици луѓе се собраа на улицата „Краља Милана“, каде што е седиштето на РИК. Претставниците на листата „Србија против насилството“ порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања, протестот ќе го одржат утре во 18 часот. Меѓу насобраните има и голем број млади луѓе кои своето незадоволство од работата на РИК го изразуваат со свирежи, скандирање против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и извикување „Вучиќ, оди си“. Коалицијата „Србија против насилството“ бара распишување…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети и општина Демир Хисар, која припаѓа во регион каде културата има длабока историја и традиција. За тоа, како што информираат од Министерството за култура, сведочат активностите во Домот на културата „Илинден“ каде што работи Библиотеката „Петре М.Андреевски“, а веќе 80 години фолклорот го негува КУД „Илинден“. Со директорот Славче Велјановски, министерката за култура ги сподели искуствата од развојот на културата во Општината, преку поддршката што оваа локална установа ја има со финасирање на програмите во сите области. Костадиновска-Стојчевска, се вели во соопштението, истакнала дека за реализирање на идеите на младите од овој…
Владиниот претставник во украинската Врховна Рада, Тарас Мелничук, денеска изјави дека украинската Влада му предложила на Парламентот да го раскине договорот за слободна трговија со Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија. Предлогот за раскинување на договорот беше претставен „поради вмешаноста на Република Белорусија во незаконска употреба на сила против Украина“, напиша Мелничук на Телеграм, пренесуваат британските медиуми. Станува збор за договорот за слободна трговија од декември 1992 година. Украина ги прекина трговските односи со Белорусија по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Според украинскиот закон, меѓудржавните договори мора да ги раскине Парламентот. По распадот на Советскиот Сојуз…
Засега неидентификувани хакери извршиле голем кибер-напад врз Универзитетот во Инсбрук во Австрија во кој биле опфатени податоците на 23.000 студенти, соопшти универзитетот денеска. Украдените податоци вклучуваат имиња, датуми на раѓање, како и адреси на живеење и е-пошта. Информациите за можниот мотив или идентификацијата на одговорните не се откриваат додека трае истрагата, пренесе ДПА. Универзитетските власти соопштија дека била повикана полиција и оти се преземаат „потребните контрамерки“. Студентите се предупредени да внимаваат на обидите за „фишинг“ и се повикани да пријават каква било сомнителна активност. Извор: МИА
Повеќе од девет илјади луѓе починаа во Појасот Газа поради тоа што не можеле да имаат соодветен третман, информира денеска генералниот директор на прес-службата на Владата, Исмаил ал Тавабта. Оваа бројка, според него, најверојатно ќе се зголеми „бидејќи здравствените установи во Појасот се затвораат“. Во Појасот Газа, како што соопшти палестински функционер, 23 болници се нефункционални поради израелското бомбардирање, а здравствениот сектор влезе во последната фаза на целосен колапс. Медицинската помош што пристигнува покрива само два отсто од потребите на здравствениот сектор и тој повика на помош од илјада камиони дневно, натоварени со гориво, да влезат во енклавата. Извор: МИА
Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и изборните службеници е „неприфатливо“. „Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската власт и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на економскиот раст и забрзување на напредокот на Србија на патот кон членство во Европската унија. Иднината на Србија е на Запад“, се наведува во писмениот одговор на Стејт департментот на прашањето на Гласот на Америка за новите протести во Белград кои во неделата станаа насилни. Легитимноста на…