Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во збогатување на културната сцена во Демирхисарско

0
By Marta Pesevska on December 25, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 25, 2023 20:15

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети и општина Демир Хисар, која припаѓа во регион каде културата има длабока историја и традиција. За тоа, како што информираат од Министерството за култура, сведочат активностите во Домот на културата „Илинден“ каде што работи Библиотеката „Петре М.Андреевски“, а веќе 80 години фолклорот го негува КУД „Илинден“.

Со директорот Славче Велјановски, министерката за култура ги сподели искуствата од развојот на културата во Општината, преку поддршката што оваа локална установа ја има со финасирање на програмите во сите области.

Костадиновска-Стојчевска, се вели во соопштението, истакнала дека за реализирање на идеите на младите од овој крај кои создаваат и во драмскиот аматеризам, и литературната област, како и за здруженијата на граѓани, Министерството за култура издвои еден милион и сто илјади денaри.

– Министерството за култура продолжува со поддршка за развој на културата во локалните заедници и тоа дава резултати. Една успешна приказна од таа поддршка е основањето на „Спомен соба на Радио Демир Хисар“ каде е архивирана стара опрема од радиото, фотографии, новинарска граѓа создавана од 1985 до 2005 година-, рече министерката за култура, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Во Демир Хисар, Министертсвото за култура во областа на музејската дејност, во 2023 година ја поддржа и манифестацијата, Демирхисарска летна школа за археологија, архитектура и уметност.

Библиотеката, што го носи името на еден од најголемите македонски писатели, „Петре М.Андреевски“ има огромна улога за населението од овој крај, а годинава беше поддржана набавката на нови книги со што се зголемува интересот кај читателите и се збогатува фондот од над 40 илјади книги.

При посетата на Демир Хисар, министерката за култура се сретна и со  директорот на НУ „Денови на Смилевскиот конгрес“, Влатко Деловски со кого разговарше за иднината на новата установа која на институционално ниво продолжува да го чува и афирмира историскиот настан значаен за македонскиот народ и спомените на ликот и делото на Даме Груев. а

демирхисарско Костадиновска Стојчевска културна сцена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.