Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со проевропска Влада како сегашната, ќе станеме членка на ЕУ, смета Ковачевски

0
By Marta Pesevska on December 28, 2023 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски во Атина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2023 18:40

Република Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.  Со проевропска влада како оваа што ја предводи СДСМ во брзи рокови до 2030 година ќе бидем членка на ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

Ковачевски посочи дека според анкета објавена вчера, 80 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ.

– И натаму се движиме и таму и ќе бидеме, рече премиерот.

Според него, досега не сме имале појасен заклучок од Европскиот совет од овој што го имаме сега. -Заклучокот е еден параграф и во него се вели дека Република Северна Македонија успешно го заврши процесот на скрининг, останува да ја заврши својата обврска за амандамни на Уставот и без одлагање и без дополнителни одлуки Европскиот совет ја закажува втората меѓувладина конференција на која што се отвораат поглавјата. Тоа е најчистиот заклучок кој кога било нашата држава го има добиено во Брисел и нема никакви дополнителни барања, повтори Ковачевски пред пратениците.

Во овој геополитички момент, како што наведе, и ние сме и потребни на ЕУ, бидејќи е потребна стабилност на европскиот континент во светло на војната која што се води во Украина.

-И сега е моментот на заеднички интерес кога ЕУ има потреба од нас, и кога ние имаме потреба од неа, вели Ковачевски кој беше дециден дека оваа уникатна шанса ќе се реализира.

Осврнувајќи се на Планот за раст на ЕУ рече дека овој инструмент за поддршка на Западен Балкан се состои од две милијарди евра грантови и четири милијарди концесиски заеми, гарантирани од ЕУ и со пониски каматни стапки. Од нив околу една милијарда евра може да ги користи Република Северна Македонија. – Заедничка цел со ЕУ е до април 2024 да се направи првиот трансфер во Република Северна Македонија за спроведување на реформи, и за вклучување во програми во кои досега не сме биле вклучени, рече премиерот.

Блокада нема да дозволиме, додаде Ковачевски потенцирајќи тие што ќе блокираат треба да се тргнат од патот или ќе бидат тргнати од граѓаните.

Премиерот попладнево во Собранието кажа и дека инфлацијата за една година е намалена на 3 проценти од 19 колку што беше лани, нето платата во октомври изнесува 39.000 денари што е зголемување од 18 проценти во однос на истиот месец минатата година.

– И не само што го исполнивме даденото ветување за 500 евра месечна плата туку и го надминавме за 150 евра една година порано во однос на она што беше ветено, со тоа просечната плата е за 300 евра повисока во однос на она што беше во 2016 година, рече Ковачевски.

Според него, нето платите во образованието од 2016 до 2023 во просек се зголемени за 40 до 50 проценти, во полицијата од 2017 до 2023 за 35 проценти, а се исплатени се и шест бонус плати за одработени дополнителни часови, во одбраната професионален војник во 2010 година примал плата од 19.000 денари, во 2016 година 22.000, а во 2023 година 46.000 денари со станарина, офицер полковник во 2023 – 75.842 денари… Основна плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40 проценти, на медицинските сетри помеѓу 20 и 30 проценти…, корегиран е и коефициентот и за дежурствата, пензиите пораснаа за 6.000 од 2016 година.

Ковачевски исто така посочи дека пред десетина дена со одлука на Влада, 32,5 милиони евра беа прераспределени за 66 проекти од 44 општини. Градоначалниците веќе ги потпишаа договорите.

-Тоа се пари од граѓаните за граѓаните, рече Ковачевски.

ЕУ инфлација Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.