Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Заокружуваме успешна година, во земјоделството исплатени 157 милиони евра

0
By Marta Pesevska on December 28, 2023 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2023 18:54

На 40 000 земјоделци, до утре, прв пат во историјата на државата, авансно ќе им бидат исплатени 30 проценти од субвенциите или 750 милиони денари. Поддршка ќе добијат и поледелците и овоштарите и градинарите и лозарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој ги повика сите земјоделци да го искористат правото и до 30 декември да аплицираат за дополнителната поддршка на база на новиот модел на субвенционирање.

Николовски на средба со новинарите ја оцени измината година како успешна, со голем број реализирани реформи и програми. Во 2023-та, рече, вкупната реализација на Програмата за директни плаќања достигна 127 милиони евра, а реализацијата на Програмата за рурален развој над 11 милиони евра. Реализациајта на Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук е близу 500 000 евра, на Интервентниот фонд скоро 5 милиони евра, додека вкупната исплата на средства од ИПАРД 2 програмата во 2023 година достигнува 13,3 милиони евра. Вкупно до сега, потенцира министерот, се исплатени 157 милиони евра директно вбризгани во земјоделскиот сектор.

-Ќе ја завршиме годината со 127 милиони евра директна поддршка кон земјоделците и со рекорден број апликации во делот на Програмата за рурален развој – беа доделени 730 трактори и беа склучени 206 договори за мерката „Бизнис план“ која е една од најуспешните. Имаме рекордна побарувачка за набавка на приплоден добиток што е одлично ако се земе предвид дека нашиот фокус во 2024 година ќе биде на сточарството. Побарувањето во само еден повик на крајот на годината е околу една милијарда денари, а моментно течат и останатите повици за набавка на комбајни за жито. Би ја издвоил за годинава и поддршката за младите, за земјоделките и за малите производители. Само во декември се склучија 450 договори, се исплтија грантови кон новоформираните мали семејни винарии и малите оператори со храна кои се македонската гордост, истакна Николовски.

Според него, 2023 година беше целосно фокусирана на производството на храна, односно на реализацијата на Националниот план за производство на храна донесен лани, како и на новиот модел на субвенционирање.

Николовски се осврна и на ИПАРД Програмата. Повтори дека сме прва земја во регионот што ја почна ИПРАД 3 Програмата и информира дека на првиот повик има проекти во вредност од 96 милиони евра.

Годинава, истакна Николовски, се донесоа и рекорден број европски закони, за вино, за зоотехника и за советодавни системи, а во собраниска процедура се и законот за вино, рибарство и аквакултура.

-Би ја заокружил годинава со рекорден извоз на вино и рекорден извоз на конзервната индустрија, потенцира Николовски.

Во 2024 година фокусот ќе биде ставен на сточарството каде субвенциите, според министерот, ќе бидат зголемени за 300 проценти.

земјоделци ипард Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.