Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Варшава се сретна со нејзиниот полски колега, министерот за одбрана Мариуш Блашчак со кого разговараше за европската интеграција на нашата земја, безбедносната состојба во Европа и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете земји – сојузнички во НАТО. Петровска му се заблагодари на Блашчак за континуираната и гласна полска поддршка за членство на Северна Македонија во Европската Унија, при што истакна дека евроинтеграциите се уште еден начин на зацврстување на единството на европскиот континент и гарантирање на сигурноста на граѓаните. „Северна Македонија е европска демократија која и во најтешкиот период по руската агресија врз…
Десната лента од автопатската делница Катланово – Петровец на Коридорот 10 ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец. Асфалтерските работи се во завршна фаза, денеска се поставуваше завршниот слој на асфалт, а во следниот период ќе се поставува заштитната ограда и сообраќајната сигнализација. Увид во градежните активности денеска извршија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми. Инвестицијата за рехабилитација на автопатската делница во должина од 11 километри изнесува 6,2 милиони евра. Покрај рехабилитацијата, автопатот ќе се прошири и со уште една дополнителна лента за застанување. По изборот…
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, денеска одржа средба со Елиса Фернандез Саенз, заменик-регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, на која присуствуваше и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за севкупната поддршка од UN Women за активностите на Кабинетот за политики за добро владеење, особено во поглед на антикорупциските политики и јакнењето на улогата на жените во борбата со негативните појави во општеството. Таа нагласи дека е важно политиките кои се креираат да бидат долгорочни и одржливи, бидејќи само на тој…
СОЊА ТАНЕСКА Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски. Со оглед на тоа дека во оваа општина се уште има училишта кои работат во три смени, а не се обезбедени ниту учебници во училиштата, градинките едвај згрижуваат доволно деца, Муцунски ги воскреснува старите „реформски идеи“ од времето на поранешниот премиер Никола Груевски. За потсетување химната беше интонирана еднаш неделно во 2014 година, за во 2015 година да се…
Стереотипите и предрасудите се најголемата причина зошто на пазарот на труд има јаз од дури 20,3 проценти помеѓу мажите и жените, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Најголем дел од жените, според Тренчевска, се грижат за домот и семејството, и тука причините треба да ги бараме во стереотипите и предрасудите. – Во Родовиот индекс кој што го промовиравме од неодамна и публикацијата „Жените и мажите“ бројките покажуваат дека најголем дел од неактивно население се жените. Тоа ја оневозможува државата да го искористи целосниот потенцијал на жените и максимално да го искористи човечкиот капитал во државата. Неактивноста на…
Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека повлекувањето на војниците од границата и апсењето на Милан Радоичиќ се добар чекор и дека во интерес на Вашингтон е да се најде политичко решение за ситуацијата на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. -Нема сомнеж дека е дојдено до повлекување на помал дел од војниците и дека во таа смисла работите се движат во добра насока. Можам да кажам и дека ние имаме потврда за намалениот број војници. Проблемот овде не е воен, туку е всушност политички, изјави Хил во интервју за Танјуг. Тој посочи дека зголеменото присуство на војници…
„Неформалниот состанок на Европскиот совет е организиран, како што веќе најави и Шарл Мишел заради многу важни теми. Тоа е војната во Украина, второ, обезбедување на што поголема енергетска независност од Русија и трето е иднината на ЕУ во смер кон проширувањето и на интерната динамика на подготовка на ЕУ за пријавување на нови членки, бидејќи не е исто функционирање со 27 членки виз-а-ви функционирање со 30-32 земји членки, меѓутоа процесот е поддржан од сите земји членки како никогаш досега“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител. Тој додаде дека ЕУ знае дека им е потребно проширување, што впрочем…
Британскиот премиер Риши Сунак за време на денешната видео-конференција на која учествуваа лидерите на земјите од Г7 и членките на НАТО изјави дека Велика Британија е подготвена да ја поддржи Украина воено, хуманитарно и економско „колку што е потребно“. – Премиерот Риши Сунак зборуваше за тековната воена, хуманитарната и економска помош на Велика Британија за Украина и нагласи дека оваа поддршка ќе продолжи сè додека е потребно, соопшти Даунинг стрит. Американскиот претседател Џозеф Бајден го организираше видео-повикот поради загриженоста дека поддршката за воените напори на Украина против Русија бледнее, особено во САД, каде што Конгресот ја исклучи помошта за Украина…
На Милан Радоичиќ кој се товари за здружување поради вршење на кривични дела, недозволено производство, чување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и тешки кривични дела против општата безбедност му се заканува казна затвор до 12 години, пренесува Н1инфо.
Украина, Полска и Литванија договорија план за забрзување на извозот на украински житарки, соопштија денеска официјални претставници. Според договорот, инспекциите на житото од украинско-полската граница се пренесуваат во литванското пристаниште на Балтичкото Море, се наведува во соопштението на украинското Министерство за земјоделство. Поместувањето на местото на инспекциите има за цел да го олесни транзитот на украинскиот извоз преку полска територија, се вели во соопштението. Од литванското пристаниште Клаипеда, каде од утре ќе се контролира присуството на штетници и болести, жито ќе може да се извезува по морски пат низ целиот свет. Договорот, исто така, може да помогне да се намалат…
Во Собранието денеска во рамки на 126. седница е усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година, за која „за“ гласаа 62 и 10 воздржани пратеници. Со Одлуката се прераспределуваат 18,2 милиони за исплата на повисоките плати, зголемени пензии, регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор, социјални права, субвенции за земјоделци, за здравствена заштита, односно лекот „Трикафта“ и мерачи за лицата со дијабет, како и средства за нов пакет антикризни мерки. -Со Одлуката вршиме реалокација на средства во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека ги посетил украинските војници на одредени локации во близина на градовите Купјанск и Лиман. – Во посета сме на нашите бригади кои извршуваат борбени задачи во едно од најжешките подрачја – Купјанско-лиманскиот регион, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека разговарал за оперативната ситуација и други прашања со командантите на бригадата. Извор: МИА