Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година

0
By Marta Pesevska on October 3, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2023 19:12

Во Собранието денеска во рамки на 126. седница е усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година, за која „за“ гласаа 62 и 10 воздржани пратеници.

Со Одлуката се прераспределуваат 18,2 милиони за исплата на повисоките плати, зголемени пензии, регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор,  социјални права, субвенции за земјоделци, за здравствена заштита, односно лекот „Трикафта“ и мерачи за лицата со дијабет, како и средства за нов пакет антикризни мерки.

-Со Одлуката вршиме реалокација на средства во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачување на платите во јавниот сектор за 10% и обезбедување на К-15 согласно Одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, пораст на пензиите за околу 6% согласно воспоставеното системско решение, зголемување на средствата  за социјални трансфери, субвенции за земјоделците, поддршка на домашните и странските компании и обезбедување средства за деветтиот пакет на антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните, за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци, а истовремено да ја задржиме и развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво на планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. На ваков начин продолжуваме со стратегијата за заздравување на економијата пред се, преку заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и преку забрзување на економскиот раст, рече министерот за финансии Фатмир Бесими при образложување на предлогот во Собранието.

Министерот потенцираше дека со Одлуката се врши реалокација на 18,2 милијарди денари кои се обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници, како и со дополнително обезбедените средства по основ на КАПЕФ механизмот и дека со ова се обезбедува сигурна ликвидност во Буџетот и сервисирање на обврските.

Со Предлог-одлуката за исплата на зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 10 проценти и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари се обезбедени 4,25 милијарди денари, за пораст на  пензиите за околу 6 проценти за 336 илјади пензионери почнувајќи од месец септември 2023 година 3,5 милијарди денари, 1,81 милијарда денари за државна помош за компании и тоа: за домашни компании 581 милион денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ зоните  300 милиони денари, 800 милиони денари се наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство.

Натаму, 650 милиони денари се предвидени за исплата на „МОЈ ДДВ“ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантирана минимална помош, 290 милиони денари се наменети за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, стипендии за 6.900 студенти и 9.600 ученици, 200 милиони денари за  редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод, печатење и откуп на учебници за основно и средно образование, 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест.

Со одлуката, исто така се алоцирани, 4,55 милијарди денари во Програмата П1 средства наменети  за антиркизни мерки за справување со кризата.

Министерот посочи дека со ваквата прераспределба не се отфрла ниту еден капитален проект и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, кој пак останува на исто ниво во номинален износ, со што се покажува посветеноста кон постепена фискална консолидација.

Собранието го усвои и Предлог-законот за измени на Законот за извршување буџет.

2023 буџет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.