Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека како и претходно, и денес е реалист во однос на очекувањето дали измени на Уставот ќе се случат до ноември. Рече дека ако не се случат дотогаш нема опасност од дестабилизација на државата, но дека е можно драстично демократско уназадување и економско стагнирање. -Не можам да кажам дека нема да бидат, не ги знам евентуалните комуникации, ако постојат, кои луѓе од Владата или меѓународни посредници можеби ги имаат со двете страни. Можеби тука нешто ќе се промени. Но, гледам дека позицијата на опозицијата е прилично тврда, а искуството ме учи дека кога се…
Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан смета дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на Европската Унија во следните неколку години, но дека е несериозно да се даде точен датум. Во интервју за ТВ Телма, тој вели дека прашањето „кога“ е чувствителна форма, затоа што тоа секако зависи од напредокот кој државите го остваруваат. – Тоа што е јасно, тоа што сѐ уште е валидно, и ќе биде и во иднина, е дека целиот процес е заснован на заслуги. Тоа значи дека ако државата исполнува, треба да ги добие и заслугите за тоа. Затоа не чекаме…
– Во моментов праксата во судството покажа дека големите казни застаруваат и судските предмети завршуваа многу покасно. Има предмети кои одат веќе 10 години низ судовите и немаат исход, затоа имаме пократки казни и побрзо застарување, меѓутоа проширената конфискација ја доуредивме со измените во кривичниот закон за да може многу побрзо судот да носи правосилна пресуда- изјави заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за МТВ. Најбитно е, додава таа, да се врати кај граѓаните она што е земено од граѓаните.
Протест за случајот со Клиниката за онкологија се одржа и денеска пред Јавното обвинителство во Скопје. Засегнати пациенти со истите барања, пред зградата на обвинителството порачаа дека сакаат истрагата да биде брза, особено во делот на лекарствата за, како што велат, да знаат тие што се најзасегнати како да го продолжат своето лекување.
„Земјоделците во Северна Македонија сега имаа имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство, благодарение на нивното членство во ЕУ. А настапуваме на исти пазари, тие со нивните, ние со нашите производи“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп. Тој додаде дека тоа се милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство, милијарди кои ќе ни бидат и нам достапни кога…
„Тие кои се против уставните измени и кои сакаат да печалат дневнополитички поени и не сакаат да погледнат подалеку не ѝ мислат добро на државата бидејќи се против овие пари во македонското земјоделство“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп. Тој рече дека освен што се против ЕУ и европските фондови тие не нудат ни алтернатива, кој освен ЕУ и ИПАРД ќе помогне и ќе инвестира за модернизација на македонскто земјоделство. „Во овој момент македонските земјоделци имаат на располагање 40 милиони евра неповратни средства преку повиците. Мислам дека…
„Оваа влада започна многу болни реформски процеси и мене лично ми се допаѓа тоа што не се однесуваат калкулантски. И тоа изненади многумина. Маани може секогаш да се наоѓаат, а и секој кој работи и греши, безгрешни се само оние кои никогаш ништо не сработеле и силата ја црпеле од политичките кујни“ рече поранешниот пратеник и градоначалник Андреј Петров во интервју за „Рацин“. Тој додаде дека сегашното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски се обидело да вклучи поголем број на луѓе и поранешни партиски активисти. „И голем број луѓе тоа го прифатија. Сите кои чесно ќе одговорат на тоа прашање…
Бројот на јапонски жители постари од 100 години сега изнесува 92.139, што е најголем во последните 53 години, покажуваат статистичките податоци на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба. Во текот на годината, бројот на Јапонци кои слават стогодишнина се зголеми за 1.428 луѓе. Од вкупниот број, 88,5 отсто се жени, од кои повеќе од 81.500. Има нешто повеќе од 10,5 илјади мажи. Најстарата жителка на Јапонија е Фуса Тацуми од префектурата Осака која има 116 години, а најстариот маж е 111-годишниот Гисабуро Сонобе од префектурата Чиба. Извор: Фронтлајн
Европската инвестициска банка известува дека ЕИБ Глобално, филијалата на Европската инвестициска банка за активности надвор од Европската Унија, ќе обезбеди грант за техничка помош од еден милион евра на својот долгогодишен партнер – Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ). Како што известуваат, овие средства ќе го олеснат спроведувањето на финансирањето за одржливост на климата и животната средина во рамките на кредитната линија од 100 милиони евра што ЕИБ ја потпиша во јули оваа година. – Преку поддршка на банкарскиот сектор во земјата да изгради зелени финансиски капацитети, а малите и средни претпријатија (МСП) да идентификуваат и развиваат зелени проекти, оваа…
Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја предводи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечерва во Прилеп се одржува отворена трибина „ЕУ за развој на македонското земјоделство“.
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска, во организација на Министерството за финансии, беше главен говорник на „Скопскиот економско-финансиски форум СЕФФ ’23“ во третата Панел дискусија „Европската интеграција и економскиот просперитет „Европа – Да, Европа сега“, на тема „Геополитика, создавање на политика и финансии“. „Задоволство е што да Ве гледам денес сите овде. Ние сме на пат кој треба да ја интегрира нашата земја во Европската Унија, па за ова ја имаме поддршката од Соединетите Американски Држави, пријателските земји, странските мисионери во нашата земја, но и самата ЕУ, кои постојано…