Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕИБ ќе обезбеди грант за техничка помош од еден милион евра за РБСМ

0
By Marta Pesevska on September 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: ЕИБ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 15, 2023 19:01

Европската инвестициска банка известува дека ЕИБ Глобално, филијалата на Европската инвестициска банка за активности надвор од Европската Унија, ќе обезбеди грант за техничка помош од еден милион евра на својот долгогодишен партнер – Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ).

Како што известуваат, овие средства ќе го олеснат спроведувањето на финансирањето за одржливост на климата и животната средина во рамките на кредитната линија од 100 милиони евра што ЕИБ ја потпиша во јули оваа година.

– Преку поддршка на банкарскиот сектор во земјата да изгради зелени финансиски капацитети, а малите и средни претпријатија (МСП) да идентификуваат и развиваат зелени проекти, оваа техничка поддршка ќе придонесе кон растот на приватниот сектор, конкурентноста и зелената транзиција на локалната економија, соопштуваат од ЕИБ.

Тие додаваат дека преку оваа техничка помош, комерцијалните банки и малите и средните претпријатија ќе добијат обуки и советодавна поддршка за промовирање и развивање на профитабилни проекти во области како што се енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Заменик-претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова, која е одговорна за операциите во Северна Македонија, истакна дека зголемувањето на пристапот до прифатлив капитал ќе им овозможи на малите и средните претпријатија да ги прошират своите бизниси дури и во време на криза.

– Заедно со владата и РБСМ имаме за цел создавање нови можности за инвестиции и вработување, истовремено забрзувајќи ја зелената транзиција и декарбонизацијата на локалните бизниси. Грантот што го потпишавме денеска ќе ги поддржи нашите партнери и корисници да развијат зелени финансиски капацитети и зелени проекти, со што ќе придонесат кон климатската отпорност во Северна Македонија – што е од клучно значење за економскиот раст и стабилност, нагласи Павлова.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, изрази благодарност за досегашната успешна соработка со Европската инвестициска банка, со која беа исплатени шест кредитни линии во вкупна вредност од 550 милиони евра, со што се обезбеди поддршка за над 2.000 мали и средни претпријатија.

– Со цел да се надминат предизвиците од глобалната енергетска и економска криза која директно влијаеше врз работењето на малите и средните претпријатија, Владата на Република Северна Македонија донесе мерки за стимулирање на работењето на малите и средните претпријатија преку воведување модалитети за поттикнување на процесот на производство, обезбедување ликвидност на компаниите, зачувување на работните места, како и одржување на конкурентската позиција на компаниите.  Поради тоа, со оглед на стекнатото искуство и успешната соработка со ЕИБ, а со цел целосно задоволување на потребите на малите и средни претпријатија погодени од кризата, обезбедена е нова седма кредитна линија на ЕИБ во износ од 100 милиони евра, истакна Бесими.

Тој нагласи дека како резултат на мултиплицираниот ефект, на компаниите ќе им бидат ставени на располагање 200 милиони евра, под поволни услови, сѐ со цел да се зачува нивната ликвидност и да се направат нови, особено зелени инвестиции.

Грантот доаѓа како резултат на плодната соработка помеѓу РБСМ и ЕИБ Глобално, што овозможи до денес да се доделат 550 милиони евра за поддршка на над 2.300 локални компании. Преку овој модел на партнерство, само од 2019 година, ЕИБ Глобално обезбеди 212 милиони евра инвестиции од ЕУ за македонските компании, одржувајќи 46.000 работни места и создавајќи 1.815 нови позиции.

Главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, истакна дека оваа дополнителна соработка помеѓу ЕИБ и РБСМ доаѓа како продолжение на најновиот финансиски договор потпишан во јули оваа година, обезбедувајќи ѝ на нивната локална економија новоодобрена финансиска поддршка од 100 милиони евра, средства наменети за зајакнување на транзицијата кон зелената енергија во согласност со Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.

– Развојната банка продолжува да игра активна улога во финансирањето на одговорни одржливи зелени проекти и со овој најнов договор за грант од 1 милион евра цврсто влегуваме во олеснувањето на обуките и советодавната поддршка на нашите локални мали и средни претпријатија за да останат на патот на Зелената агенда на ЕУ. Во нашиот заеднички фокус остануваат обновливите извори на енергија, економскиот раст и општествената одговорност во корпоративното кредитирање, рече Наумов.

Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, истакна дека зелената кредитна линија на ЕИБ е уште еден пример за тоа како, како „Тим Европа“ Европската унија продолжува да ги поддржува малите и средни компании преку развој на инвестиции во зелена, ниско-јаглеродна економија во Северна Македонија.

– Благодарение на грант во форма на техничка помош, ќе се зајакнат капацитетите на Развојната банка, како и на локалните комерцијални банки за промовирање зелени инвестиции. Со тоа Европската Унија, преку ЕИБ, не само што помага да се унапреди зелената транзиција во земјата, туку ќе ја зголеми и конкурентноста на локалните компании, нагласи Гир

Банката сака да мобилизира понатамошни инвестиции за приватниот сектор како дел од најновите гарантни фондови на ЕУ доделени во рамките на Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка – Глобална Европа (NDICI – Global Europe) за да ги поттикне зелените инвестиции, иновациите и дигиталната транзиција во регионот.

ЕИБ РБСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.