Author: Marta Pesevska

Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата, велат од СДСМ. Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација. Цел регион да напредува а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана. Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување на Мицкоски. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ. Ќе…

Read More

ЗОРАН ИВАНОВ И пред тоа но, еве, цели седум децении, од Тодор Живков наваму, со БАН и Цола Драгојчева и потоа преку Божидар Димитров до денешниве Ангел Димитров и Румен Радев, преку таа идентитетска негаторска константа на Бугарија спрема Македонија и Македонците, а кажано во само оваа една реченица, овдешното ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната собраниска седница наместо да се приклучи и да го поддржи македонското ЕУ движење и земјава да ја поттурне кон Брисел за конечно да нè оттргне од софијските негаторски канџи и заедно со другите европски држави за токму на тој мултилатерален бриселски терен да ги биеме нашите…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е еден од клучните луѓе кои го туркаат процесот за интеграција во ЕУ. Тој, во обемно интервју за ЦИВИЛ МЕДИА, открива детали за процесот што се води, за извонредната шанса на земјата за брзо членство во ЕУ и за огромните придобивки од тоа членство за сите граѓанки и граѓани, за економијата, стабилноста и безбедноста. Во овој прилог се осврнуваме на три најважни поенти од ова обемно интервју. 1. Во трка со времето: Гласањето на уставните амандмани значи политичка стабилност и брзо членство во ЕУ Според Маричиќ, уставните измени се гарант дека остануваме активни во преговорите…

Read More

„За жал, шест лица починаа. Пред пет минути нè известија дека во болница починало шестгодишно девојче, а дека нејзината мајка е во исклучително тешка состојба. Триесет и шест лица се повредени и сместени во медицински установи. Меѓу повредените има полицајци и судски службеници за обезбедување. Сите се цивили кои биле или на централниот плоштад на градот Чернихив или заминувале по благословот на овошјето од најблиската црква. Познато е дека вкупно 42 лица се убиени или повредени во нападот, но луѓето ќе продолжат да бараат помош“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на украинската телевизија, јави дописникот на Укринформ. Според…

Read More

ФАТМИР БЕСИМИ Честопати, патувањето е еднакво важно со дестинацијата. Патот кон полноправното членство во ЕУ, преку градењето на демократско општество и одржлива пазарна и конкурентна економија, е еднакво значаен како и самото членство. На членството во ЕУ гледам како на признание и врата кон нови можности за нашата земја и граѓани, откако претходно ќе ја завршиме главната задача, односно „ќе ја донесеме Европа дома“ и ќе ги спроведеме реформите кои ќе осигураат економски и општествен развој. „Развојот е трансформирање на животот на граѓаните, не само трансформирање на економијата“, ќе каже познатиот економист Џозеф Стиглиц. Членството во ЕУ и пристапниот процес…

Read More

ЦИВИЛ МЕДИА направи опширно интервју со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на 17 август, во кое стана збор за клучните теми и политички процеси поврзани со македонскиот пат кон ЕУ, за придобивките и за тешките задачи што мора да се исполнат во тој процес. Тој одговори на прашања поврзани со потребата од уставни измени, како и за блокадите на процесот кои ги поставува опозицијата. Во контекст на заложбите и значајниот придонес кој го дава ЦИВИЛ и медиумската платформа на организацијата, неизбежни беа прашањата што се однесуваат на дезинформациите и пропагандата која се служи со националистички наративи, чија цел е попречување на…

Read More

Како земја која претендира влез во Европската Унија, со јасно исцртани евроатлански аспирации, Северна Македонија треба да ги надмине и слабостите и опасностите кои демнеат над различностите како општествено-политичка придобивка, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“. Во законодавна смисла, Извештајот на ЕУ за Северна Македонија, за 2022 година вели: „Во однос на заштитата на малцинствата, органите продолжија да ја спроведуваат националната стратегија „Едно општество за сите и интеркултурализам“. Агенцијата за остварување на правата на заедниците се пресели во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, што треба да ја забрза…

Read More

Една од најголемите опасности на концептот на мултикултурализмот, што оди во прилог на критиките кон него, е национализмот, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“. Каде е проблемот и како да се надмине? Идеолошката рамка на национализмот сама по себе како дел од различностите и индивидуалните идентитети би влегла во рамките на интеркултуралзимот како признавање, доколку историски, на наша територија, таа идеологија би го анулирала етноцентризмот. Но, колективната хистерија околу националистичките идеологии, мултиплицирани, толку колку што етникуми живеат на територија на Северна Македонија, систематски е градена паралелно со обидите таа да се надмине…

Read More

Украинската амбасадорка во Македонија Лариса Дир по повод Светскиот ден на хуманитарната помош преку своја објава на Твитер упати благодарност до нашата држава за помошта дадена на Украина од почетокот на руската воената агресија против Украина. На Светскиот ден на хуманитарната помош, сакам искрено да ѝ се заблагодарам наза политичката,воената и хуманитарната помош дадена наод почетокот на воената агресија рф против Украина. останува сигурен пријател на! и Украинците високо ја ценат поддршката и помошта на! pic.twitter.com/3RxnZf3k0Y — Larysa Dir (@dir_larysa) August 19, 2023

Read More

Вчерашната седница на Собранието покажа дека ДПМНЕ дефинтивно е против ЕУ, а Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски, велат од СДСМ. Вчера, ДПМНЕ и Левица покажаа дека немаат никакви аргументи, дека не знаат да дискутираат, дека не знаат како се води дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, единствено за лични цели, а против подобар живот за граѓаните и остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ. Кристално јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку нивната цел е да блокираат и да си…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша: Денес сум горд што храбро пристапуваме кон уште еден важен предизвик за нашата држава, но и важна цел за успешна реализација на евроинтеграцијата. Водени од чувството за одговорност, државничка визија и јасна цел се надеваме на успешна реализација на предлогот за уставните измени. Убеден сум дека придонесите од овие одлуки освен што се важни за Република Северна Македонија, важни се за секој граѓанин поединечно и за сите граѓани во целост. Нашиот детерминиран државнички став и намера за политички консензус ќе биде многу важен дел од историјата на нашата…

Read More

Американската администрација упати предупредувања до Турција за воведување санкции во случај земјата да и помогне на Русија во заобиколувањето на ограничувањата наметнати од Западот, пишува американскиот весник Волстрит џурнал. Во написот се нагласува дека турските компании помагаат во извозот на руска нафта, им дозволуваат на руските бродови да влезат во пристаништата во земјата со оружје и генерално му помагаат на Кремљ да ја набави западната електроника, неопходна заеба да ја продолжи војната против Украина. Според WSJ, еден од тие „помошници“ на Москва е турската компанија Бекс Шип Менаџмент, која извезува руска нафта, која во 2021 година купила 37 бродови, од…

Read More