Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Шест години не е ставен ниту еден нов лек на позитивната листа, комисиите не функционираат, граѓаните се лекуваат со застарени лекови, новите ја заобиколуваат државата. Болните од рак на кои не реагираат на постоечките лекови, продаваат имоти или земаат кредити за да купат лекови
Пресврт во случајот на гинекологот од Велес кој одлежа една година затвор, откако беше прогласен за виновен за смртта на родилката Бојанка Игнова која почина од искрварување по порудување во 2003-та година
За само два месеца 11 нови случаи на морбили во Скопје. Лекарите стравуваат од појава на епидемија бидејќи вирусот циркулира во воздухот. Досега ниту Министерството за здравство ниту Комисијата за заразни болести не излегоа да ја информираат јавноста за опасноста од ова заразно заболување
На осумтемина работници кои беа избркани од работа од фирмата СИМАК ДООЕЛ им бил забранет влезот во зградата на ССМ. „Вие не знаете со какви реперкусии и притисоци се соочуваме ние, дури и на правниците им е забрането да комуницираат со нас“
Осум луѓе кои биле вработени во фирмата СИНАК ДООЕЛ , претпријатие кое е во состав на Сојузот на синдикатите на РМ, пред десет дена добиле отказни решенија со образложение дека се технолошки вишок
Апаратот кој беше спектакуларно промовиран на Клиниката за торакална хирургија од министерот за здравство Никола Тодоров, не е никакво чудо, на Хирушките клиники има уште три вакви апарати со чија помош со години оперираме, тврдат за НОВА лекари од неколку хирушки клиники
Македонија нема да добива пари од „Глобал фонд“ за превенција од СИДА и ТБЦ по завршувањето на грантот во 2016-та година, по што невладините организации треба да бараат странски донации, доколку згасне превенција постои опасноста од ширење на болестите, предупредуваат од НВО
Александар Трајковски тврди дека не е точна изјавата на министерот Тодоров дека после 25 години е направена првата транспланација од починат донатор. Пред осум години двата бубрега од неговата мајка која беше во клиничка смрт беа пресадени кај двајца пациенти
Синдикалниот лидер Живко Митревски не почувствува за потребно да објасни зошто на вчерашните протести не излезе пред стечајците, туку својот став го прати во писмена форма преку соопштение. „Немам да кажам ништо повеќе, нашиот став е содржан во вчерашното соопштение, изјави денеска кратко за НОВА, Митревски
Единаесет луѓе кои биле примени преку огласот во „Македонски шуми“ се прераспределени да работат во Македонскиот културен центар, дознава НОВА. Станува збор за социјално ранливите категории граѓани кои јавно, преку лотаријата на МТВ беа избрани за да работат во „Македонски шуми“.
Речиси сите компании се подготвуваат до 1-ви април да ги исполнат законските обврски.
Единствено проблем има со„ Југохром“ кој нема пари за да инвестира во филтри, но Владата е таа која треба да помогне бидејќи „Југохром“ е голем загадувач, но и вработува многу луѓе, поради што неговото постоење е неопходно, изјави за НОВА Лиле Поповска, претседателка на ДОМ
Нема официјално објаснување од Министерството за здравство зошто 310 000 македонски граѓани се уште не ги добиле електронските здравствени картички. Иако на време уплатиле по 250 денари , со месеци чекаат да ги добијат картичките. Фирмата која ги изработува картичките и Фондот за здравство на одговор упатуваат во ресорното министерство