Author: Менче Атанасова Точи

Петровска аплицирала на огласот за самохрани родители за вработување во Македонски шуми, по што добила известување дека е примена на работа. Но после еден месец, следувал шок, стигнало ново известување со кое и е соопштено дека е одбиена, бидејќи не ги исполнува условите

Read More

Незадоволство и револт кај лицата со телесен инвалидитет од резулатите на огласот, каде конкурирале за работа во јавната администарција. Тие велат дека се и најмалку застапени на конечаната листа на избрани кандидати и сметаат дека изборот е наместен

Read More

Започна постапката за екстрадиција на новинарот Зоран Божиновски кој цели два месеци се наоѓа во притвор во затворот во Нови Сад. Ќерка му Ана бара ЗНМ да упати апел до српскиот министер за правда

Read More

Доколку болницата „8-ми Септември“ е преоптоварена со пациенти, Лекарската комора препорачува да ги враќаат пациентите, кои доаѓаат во голем наплив од цела држава вели во разговор за НОВА претседателот на Лекарската комора, професорот Кочо Чакаларовски

Read More

Девојка во едно средно училиште во Скопје, може да е петтиот случај со мали сипаници. Епидемиолозите стравуваат болеста да не се рашири меѓу децата, со што би можело да дојде до епидемија, но дека државата нема капацитет да се справи со ваква ситуација

Read More

Станува збор за добро разработена шема која функционира на релација Дебар-Тетово-Скопје. Прво се прави еден вид на биопсија со кој се утврдуваат полот на на детето. Доколку се покаже дека е женско, се врши абортус во Скопје…објаснува за НОВА гинеколог кој има ординација во западниот дел на Македонија

Read More

Големиот процент на смртност од кардиоваскуларни заболувања се причина за оваа одлука,но и реализацијата на повеќе деценискиот сон јавното здравство да добие кардиохирургија,беше одговорот на Тодоров на прашањето што ја натера Владата да се предомисли и да основа Државна кардиохирургија, иако досега мислеа дека за тоа нема потреба

Read More

Хирурзите немаат можност да ги читаат снимките додека оперираат бидејќи тие се издаваат на ЦД, а операционите сали не се поврзани мрежно со новата дигитална опрема набавена преку фирмата „ВИСАРИС“

Read More

Тендерските документи од Министерството за здравство потврдуваат дека прво се распишал тендер, а дури потоа се барало од болниците да се согласат да набават опрема. За јавните набавки во Министерството имало само еден вработен човек

Read More

Македонското и српското здружение на новинари работат на тоа, новинарот Зоран Божиновски да не биде екстрадиран во Македонија. Менче Атанасова-Точи разговараше со ќерката на Божиновски, Ана

Read More