Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Со паролите „Стоп за заканите од претседателот на Сојузот на глуви“, „Бараме оставка од диктаторот Васко“, глувите лица уште еднаш го изразија својот револт, на како што рекоа лошото работење на Марков и немањето контрола врз неговата работа
Со едноставна и економична интервенцијата, преку гаснењето на автомобилите додека се чека на семафор ќе се намали загаденоста на воздухот во Скопје за 40% објави на својот веб сајт меѓународниот проект Хелтгрупер
Поради недоставување на Изјава за приходи веднаш по рокот за пререгистрација, во април дури 120 255 невработени останале без здравствено осигурување, што е половина од вкупниот број невработени во земјава
Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и големите „дупки“’ во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус тип 1 во регионот се смета за висок предупредува СЗО
Колку се опасни предметите во околу вашите деца? Или, облеката која им ја купувате? Во Македонија нема контроли на пазарот кои можат да утврдат дали тие содржат отрови. Родителите се оставени сами на себе
-Да не бараме вештерки во 21 век, се е направено според законот, запазени се сите процедури. Не постои лекар кој сака да му наштети на пациентот, но ништо не помага таму каде што навистина не е можно да се помогне, изјави за НОВА Васко Најдовски директор на Клиничката болница во Битола
Дури 30 проценти од лекарите од Македонија пушат цигари, а 60 проценти од нив се заинтересирани за одвикнување од пушење. Околу 90% од лекарите сметаат дека тие треба да послужат како пример за своите пациенти се вели во Истражувањето на Институтот за социјална медицина
На Клиниката за токсикологија велат дека на затруените им била променета крвната плазма, но немале против отров, односно Анти -дот терапија. „Ние сме сиромашна земја, а терапијата е многу скапа. Имаме договор со Шведска фирма за да ни испорачаат кога ќе ни затреба, но Словенија и Хрватска беа побрзи и терапијата стигна неколку часа по хоспитализацијата на пациентите изјави за НОВА Андон Чибишев директор на Клиниката.
Шестмина граѓани кои вдишале чад од пожарот во зграда во скопската населба Чаир сеуште се наоѓаат на лекување на Клиниката за токсикологија. Станува збор луѓе кои се задушиле со јаглерод моноксид од кои најмладиот има 20 , а најстариот 70 години.
Двајца од тетовчаните кои се затруја со отровни печурки починале вчера попладне на Клиниката за токсикологија. Станува збор за татко и син, кои заедно со останатите шест членови од семејството јаделе од една од најотровните печурки на овие простори, Аманита кои сами ги береле
Максим Димовски има четири и пол години и ретко заболување, „Шимке имуно-дисплазија“ од кое боледуваат само пет деца во светот. Максим мора итно да отпатува на лекување Германија, земја каде што е откриена оваа болест, каде треба да му се изврши трансплантација на коскена срцевина и бубрег
Двајца од тетовчаните кои се затруја со отровни печурки сеуште се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на одделот за интензивна нега на Клиниката за токсикологија. Кај останатите шестмина има подобрување на здравствената состојба потврдија за НОВА на Клиниката.