Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
За тоа како во МВР се вработуваат партиски кадри, за својата голготата во очекување на работа пред портите на ова Министерство во ПРОЦЕС, зборува Ристе Самарџиев, единствениот дипломиран полициски офицер на Високото државно училиште во Париз.
Писмото го завиткал неколку пати во еден проспект, кој потоа го ставил меѓу страници во книга. На белиот лист хартија пишува: „Мамо ме тепаа чуварите и директорот.“ На крајот од писмото Далибор се потпишал
Блокадата продолжува и денеска, не се пропуштаат ниту бегалците од Иран, Авганистан и Сирија. Оние што ќе успеат да се пробијат, без проблем ја минуваат грчко-македонската граница и не се задржуваат во камповите во државата туку веднаш ја напуштаат Македонија
-Формирана е Комисија, но постапката оди бавно бидејќи станува збор за многу опсежен предмет, со обемна документација во кој се инволвирани повеќе институции. Постапката е се уште во тек, а по завршувањето Извештајот ќе биде испратен во Министерството за здравство, изјавија за НОВА од Лекарската комора
Семејството Петрески осум години талкаат низ лавиринтите на здравствениот систем и се уште не знаат од што точно боледува нивниот син, 32 годишниот Игор, кој веќе две години е сместен во психијатриската болница во Демир Хисар
Затворениците се поделија, некои штрајкуваат со глад, други не. Некои од затворениците тврдат дека штрајкуваат , други дека се под притисок, дека не знаат што се случува внатре и дека политиката замешала прсти. За разлика од нив, директорот на затворот, Пејковски тврди дека штрајк нема
Македонија увезува кинески апарати кои не го мерат точно шеќерот во крвта, постојано има недостиг на инсулини или пак, увезува сомнителни кои не делуваат. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат луѓето со дијабетес за кои во ПРОЦЕС зборуваат Бобан Нестовски од Здружението „БУВ“ и Цвете Серафимоски од Здружението за детски дијабетес „Баланс МК“
Годината што измина, е година на големи порази и мали победи во екологијата. Загадувањето бара итни мерки, а граѓанските организации предлагаат независен мониторинг што ќе покаже кој и колку загадува. Колку урбаното зеленило влијае на климата? Што ќе се случува по неконтролираната, легална сеча на дрвјата што се случи годинава? На оваа тема во ПРОЦЕС, зборуваат Кирил Пржо биолог-еколог и Невена Смилевска од Еко- Свест
Во текот на новогодишната ноќ се родија првите три бебиња во 2016 година. Во 00.01 минута на Клиниката за гинекологија во Скопје се родија близнаци, машко и женско, како и уште едно машко бебе
Во текот на прославата на Новогодишната ноќ 30 млади луѓе, повеќето малолетни завршија на Клиниката за токсикологија, во алкохолизирана состојба или под дејство на психоактивни супстанци. Најмлада девојка има само 14 години. Имаше и сообраќајни незгоди и тепачки
Традиционално и годинава дебармаалци се собраа пред култната кафеана „Идадија“ за со греана ракија и вино да си ја честитаат Новата година. Со песна и оро си посакаа здравје и бериќет
Петнаесет директори се разрешени или сменети во јавните здравствени установи, од кои пет на скопските клиники, дознава НОВА. На некои од испразнетите места се носат луѓе од надвор. Од Министерството за здравство нема објаснување на што се должи смената