Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Со прогласувањето на кризна состојба на северната и јужната границ,а ситуацијата стана крајно драматична и тензична. Зошто владината одлука доаѓа токму сега, дали се работи за заштита на безбедноста на државата, за притисок кон ЕУ за нова финансиска помош или да се одвлече вниманието од сопствената политичка криза? Какви може да бидат последиците? На оваа тема дебатираат Мерсиха Смаиловиќ од невладината „Легис“ и Трпе Стојановски професор на Факултетот за безбедност
Експерите кои ги контактираше НОВА, велат дека можело да се направи многу за да не дојде до ваква катастрофа доколку се следеле препораките, правилата и стадардите од Европската легислатива. Епилогот од поплавите се изгубени пет човечки животи, од кои три се деца, има повеќе од 20 повредени и голема материјална штета
Огромен број на граѓани го изгубија правото на социјална или постојана парична помош бидејќи добиле одредена сума на средства преку брз трансфер на пари и се задолжени да вратат се што примиле во претходната година. Законот мора да се преиспита, велат во ПРОЦЕС Александра Цветановска и Гоце Коцевски од македонско здружени на Млади правници
Трпе Стојановски, директор на МАРРИ (Регионална иницијатива за азил, бегалци и миграција), во интервју за НОВА објаснува каква е позицијата на Македонија во однос на глобалниот проблем со мигрантите, што ќе се случи доколку се затвори границата со Србија, коi стратешки приоритети ги има државата во ваква ситуација, а кои сепак ќе се базираат на меѓународните стандарди за човекови права
Активистите велат дека ваквата состојбата трае во последните две недели. Во страв од затварање на границата со Унгарија,тие масовно транзитираат по познатата рута од Турција преку Грција, Македонија и Србија, на пат до Европа
Засега нема препораки да се заштитат сезонските и градежните работници кои работат на отворено иако температурите се искачуваат до 40 степени целзиусови, ниту има посебни мерки за заштита на бремените жени. За да се донесе таква одлука треба да се прогласи „топлотен бран“, а тоа се температури над 41 или 42 степени, објаснуваат надлежните
Дефект во мрежното поврзување во компјутерскиот систем направи хаос на повеќе скопските клиники денеска. Поради прекин на мрежната конекција, до 14 часот не функционираше системот за наплата и внесување на податоци на пациентите што создаде револт кај болните и нервоза кај вработените
Во МВР немаат официјална потврда од српска страна за затварање на границата во Табановце, за мигрантите.Од „Легис“ велат дека nивните активисти следат што ќе се случува вечерва. Дали станува збор за кратко затварање на граница или Србија се подготвува да го спречи влезот на мигрантите
По кој критериум се врши обесштетувањето на ранетите и загинати припадници на безбедносните сили во конфликотот 2001-ва? Некои од нив воопшто не добиле надомест, за други, срамно и дискриминирачки е тоа што го добиле. Прислушуваните разговори обелоденија како селективно се делеле парите и по чија директива, велат воените инвалиди и бараат закон со кој ќе имаат еднаков третман при обесштетувањето
Пациент скокнал од амбулантата на интернистичкиот Ургентен центар и паднал во каналот кој се наоѓа под прозорецот, дознава НОВА од лекарски извори.Човекот бил во алкохолизирана состојба, социјален случај. Дури 105 интервенции се регистрирани синоќа во овој Ургентен центар на Хируршките клиники
Пет млади луѓе колабирале поради топлото време изминатите два дена. Екипите на итната медицинска помош интервенирале кај три случаи на лице место, а другите двајца биле однесени во Ургентиот центар, потврдија за НОВА во Здравствениот дом Скопје
Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека не постојат институции во државата кои сериозно ќе ги примат забелешките од Стејт департментот, како и од другите домашни и меѓународни организации. Мемети во ПРОЦЕС зборува како наидува на sид од страна на власта по однос на сите укажувања