Author: Менче Атанасова Точи

“Размислувам да си дадам оставка во комисијата, од морални причини. Но, за грешки во комисијата сите сме одговорни. Се одлучуваше колективно, а најодговорни се ортопедите, особено матичниот ортопед кој ја следел состојбата на девојчето“ изјави денеска Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести

Read More

Одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето, тврди за НОВА Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести. Таа тврди дека не е претседавач на Комисијата, туку ја менувала претседателката Поповска, а кога се донела одлуката таа воопшто не била во државата

Read More

Малата Тамара требаше да замине во странство и тоа во специјална здравствена установа бидејќи станува збор за тешка патологија и не може секој лекар да ја направи операцијата, изјави за НОВА Илир Хасани еден од ортопедските хирурзи кои е потпишан на конзилијарното мислење, но и член на првостепената комисија во Фондот за здравство

Read More

Министерот Тодоров бил многу разочаран, но не чувствува одговорност за смртта на малата Тамара, бидејќи како што рече направил се за девојчето да отпатува на операција во странство. Вината сега се префрла на тимот од лекарите од Турција кои требало да се состанат и да закажат термин за операција, без да се објасни што се чекало цели три години

Read More

„Фондот за здравство не е причинител за смртта на малата Тамара, а кој е незнаеме. Ние не сме лекарска установа и незнаеме од што починало девојчето. Доколку родителите бараат институционална одговорност ние стоиме на располагање“, изјави Бранко Аџигогов , советник на директорот на Фондот

Read More

Почина 9-годишната Тамара. И покрај притисоците од јавноста, институциите не успеаја да се договорат и девојчето да замине на операција во странство, бидејќи нејзината здравствена состојба постојано се влошуваше

Read More

Документите за малата Тамара Димовска здравствените власти ги побарале утрово само неколку часа откако почина 9-годишното девојче. Срцето на девојчето не го издржа притисокот на искривениот рбет врз градниот кош. Семејството е во шок и неверување.

Read More

Во здравството најмногу пари се трошат за реконструкција и изградба на објекти, за администрација и лекување, а најмалку за превенција на најтешките заболувања. Програмите за превенција од малигни заболувања или не се применуваат или континуирано се намалуваат средствата предвидени за оваа намена

Read More

Министерството за здравство и Владата трошеле средства од буџетот на Програмата без притоа да има логична поткрепа и објаснување за што се потрошени овие средства кога во овој период не е спроведен планираниот скрининг, тврдат за НОВА од Здружението ЕСЕ

Read More

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин во Македонија повторно доби финансиски средства од Буџетот на државата наменети за финансирање на програмските активности

Read More

Лекарите не знаат од што починало 12 годишното девојче кое вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести. Девојчето било примено во тешка здравствена состојба со проливи, повраќање и намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат

Read More

На листата на најголемата база на податоци во светот Нумбео, Тетово се наоѓа на првото место во Европа по загаденост, а на четврто место во светот. Скопје е втор во Европа по загаденост. Лекарите велат дека во пораст се спонтаните абортуси иако прецизни податоци се уште нема

Read More