Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Извори кои добро ја познаваат оваа проблематика за НОВА велат дека новоформираниот Совет во Бирото ја кочи процедурата за јавни набавки, што претставува непотребно административно оптоварување и е голем трошок за буџетот
Храната на македонските пазари е безбедна. Ова за НОВА го изјави Зоран Поповски, новиот директор на Агенцијата за храна
Стопанската комора на Македонија немала надлежности над фирмите кои извезуваат или произведуваат прехрамбени и земјоделски производи. Во Организацијата на потрошувачи која треба да биде најгласна во одбрана на граѓаните, велат реагираат исклучиво на претставки на граѓани
Владата го промовира Проектот „Здрава храна“ но, прашањето е колку таа храна е здрава, имаат ли во себе јаболката, доматите, краставиците пестициди, колку е нивната застапеност во производите. За да дојдеме до некакви сознанија малку истражувавме во РАССФ, системот за безбедност на храна на ЕУ, во делот за Македонија. Еве што најдовме
Марија Трпевска се уште чека одговор од министерот Никола Тодоров, од што починал нејзиниот син Влатко кој го заврши својот живот на само 25 години. Иако пред речиси месец министерот вети дека формирал Комисија која треба да го испита случајот, Марија вели дека досега никој не ги викнал на разговор
Околу 2 700 луѓе или 15 проценти од луѓето кои работат во јавно здравство се волонтери. Тие со години работат за 4500 денари, трошоци за храна и превоз и најчесто ги пополнуваат испразнетите работни места, за кои државата не одобрува нови вработувања. На овој начин македонското јавно здравство обезбедува луѓе кои го заменуваат кадарот кој недостасува
На телефонската линија Ало докторе лекарите даваат совети и симптоматска терапија, не поставуваат дијагноза. Вака одговорија од тимот на Ало докторе, на прашање на НОВА, дали постои ризик за пациентите кога се советуваат и земаат терапија на невидено, без меѓусебен контакт
Во ПРОЦЕС обелоденуваме сведоштва на жртви на Законот за прекин на бременоста. На што се однесуваат забелешките на Законот и како тој влијае врз правата на жените разговараме со Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет и Игор Јадровски од НВО ХЕРА
Од Министерството за здравство соопштуваат дека прашањата ќе се поставуваат во коментар или приватна порака, а одговорот се добива директно во приватна порака
Резулатите од Институтот Пастер и лабораторијата Ансес во Париз, Министерството ќе ги достави до Основното јавно обвинителство, по што се надеваат дека истрагата ќе биде завршена што побргу. Сепак, остана нејасно колку од заболените и починатите јаделе од свинскиот врат на Екстра меин
Осигурителната компанија Сава осигурување најверојатно ќе ги покрие трошоците за телото на Дениса да биде вратено во државата. Доколку компанијата не го испочитува договорот, од МНР за НОВА велат подготвени се да ги покријат сите трошоци
Се парализа здравствениот систем во цела држава откако денеска во раните утрински часови откажал компјутерскиот систем Мој термин. Сите здравени установи, целиот здравствен персонал утринава се известени од страна на Министерството за здравство да ги применуваат хартиените упати и рецепти, се до отстранување на дефектот кој настанал од технички причини