Author: Менче Атанасова Точи

Институтот за јавно здравје демантира дека е извршена супер-анализа од страна на Факулетот за ветаринарна медицина, во која се покажа дека во свинскиот врат на Екстра меин нема листерија, бидејќи примерокот се чувал запечатен во Центарот во Велес. Примерокот ќе се праќа на анализа во странство, а името на лабораторијата се чува во тајност. Од Комисијата за заразни болести соопштуваат дека изјави во Обвинителството ќе дадат сите инволвирани институции и деканот Митрев

Read More

Центарот за јавно здравје во Велес реагира на текстот каде што деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митрев тврди дека методите за испитување на листерија во Институт се промашени и не се точни. Од Центарот за јавно здравје Велес велат дека гарантираат за точноста на постапката при идентификација на изолатот

Read More

Не е утврдено присуство на бактеријата листерија во ниту една од 15-те испитани мостри земени од погоните во фабриката Екстра меин , како и од два примерока од сецканиот свински врат и четири адитиви, сите испитани во Институтот за јавно за јавно здравје, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство

Read More

„Сметаме дека обвинувањата кои ги изнесува проф. д-р Дине Митрев, Декан на Факултетот за ветеринарна медицина се неосновани, нестручни и тенденциозни, сé со цел да се наруши угледот на Институтот и довербата која сме ја изградиле кај стручната и научната јавност

Read More

Сосема е погрешен методот со кој се испитува листеријата во Институтот за јавно здравје, тврди за НОВА Дине Митрев декан на Факултетот за ветеринарна медицина. Тој објаснува дека н е постојат методи за испитување на бактеријата листерија какви што применува Институтот и дека таквите методи воошто не соодвествуваат во праксата

Read More

Министерството за здравство останува на ставот дека во спорниот свински врат на Екстра меин е присутна бактеријата листерија. Нивниот став е спротивен со резултатите од супер-анализите во кои не е пронајдена листерија. Документите кои официјално ги доставија до медиумите веќе ги испратиле и до Основното јавно обвинителство.

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство утре ќе ги објави официјалните резултати од сите анализи за бактеријата листерија кои се направени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и од Институтот за јавно здравје, откако ќе бидат комплетирани испитувањата од Институтот

Read More

Во спорниот вакумиран свински врат на Екстра меин не е најдена бактеријата листерија, покажа супер-анализата направена во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина. Со ова, велат во компанијата, паѓаат во вода сите обвинувања дека свинскиот врат на Екстра меин пронајден во маркетите во Гевгелија е извор на опасната бактерија листерија моноцитогенес

Read More

Не е најдена бактеријата листерија во погоните на фабриката Екстра меин, покажале дел од испитувањата на Институт за јавно здравје кои биле завршени доцна попладне. Резултатите од останатиот дел од започнатата анализа до компанијата се очекува во текот на утрешниот ден.

Read More

И покрај што беше посочена фирма Екстра меин и нивниот производ- сецкан свински врат како извор на заразата, само двајцата од заболените јаделе од овој сувомеснат производ. За останатите надлежните не знаат кој ја предизвикал заразата со опасната бактерија листерија

Read More

Станува збор за пациент на возраст од 46 години од Неготино, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 3 август со гастроентероколит и бронхопневмонија, кој се наоѓа во тешка здравствена состојба и веднаш е поставен на вештачко дишење.

Read More

”Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што загарнатирано ја уништува бактеријата листерија, тврдат од компанијата Екстра меин и најавија дека ќе побараат да се извршат дополнителни анализи во странство

Read More