Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Надлежните одложуваа да ги соопштат резулатите иако мострата од сецканиот свински врат кој се продавал во Гевгелија, на Екстра меин од Куманово, била испитувана во Центарот за јавно здравје во Велес, на Институтот за Микробиологија и на Факултетот за ветерина. Примерокот одбележан со број 2 секаде го покажал истиот резултат
Цела недела се одложува резулатите од анализите за испитување на причинителот на листерија, а денеска е соопштено само дека со огромна сигурност станува збор за свински врат произведен од фирмата Екстрамеин од Куманово, која месото го набавувала од Гевгелија
Како знак на протест најавуват тричасовно неиздавање рецепти за лекови и неиздавање упати на пациентите. Лекарите бараат зголемување на надоместокот и да се воведе партиципација за пациентите
Директорот на Судска медицина за НОВА изјави дека тоа што не е направена обдукација во случајот со починатата Арјета Алити која почина ненадејно на денот на својата свадба е недопустиво и аматеризам: “Целата одговорност ја превзема тој што го потпишал извештајот”. Смртта на оваа 23 годишна девојка останува мистерија
Крпен живот, вака лекарите ја опишуваат состојбата со презадолженоста во која се наоѓаат македонските здравствени установи. На некои им се блокираат сметките, други штедат на медицински материјал, трети се жалат дека и тие малку пари што им следуваат Министерството не им ги плаќа
Пациент кој бил хоспитализиран со крварење во мозокот поради мозочен удар, избегал во два часот по полноќ од Клиниката за неврологија, без никој да го забележи, тврди неговото семејство. Станува збор за 76-годишниот Никола Николовски кој бил примен на Клиниката на 23 јуни, а на 3 јули откако паднал во кома бил префрлен на Клиниката за неврохирургија каде што по два дена починал
На условна казна од четири месеци е осуден Перо Панов, татко на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Тој е обвинет за нанесување на тешка телесна повреда, кога во декември лани прво го претепал со дршка од пиштол Методи, а потоа со пиштол му се заканувал и на неговиот брат Панче Милков
Случајот со Малиот Леон кој деновиве го сврте вниманието на јавноста, отвори многу прашања и дилеми. Во оваа емисија на ПРОЦЕС разговараме што можеле институции и сите инволвирани да направат за детето да биде згрижено така како што треба. Кој се е одговорен за тортурата врз детето, уште колку вакви случаи има во државата
Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Малото количество прочистени вакцини сега се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството
Прозорецот цели шест дена стои не поправен, а во ходникот кој е климатизиран влегува топол воздух, бактерии и спори кои се шират низ ходникот и влегуваат во хируршките сали, каде мора да има стерилни услови за да се оперираат пациенти, велат за НОВА лекари од Хируршките клиники
Тројца демонстранти се хоспитализирани: 16 -годишно дете е хоспитализирано со тешка повреда на стопалото. Во моментов го оперира лекарски тим, има скршница на ногата, а двајца имаат шрапнели по рамениците и телото и се вон животна опасност.
Да се намали цената на водата како за техничка, како и субвенционирање на пакуваната вода за секое домаќинство во Гевгелија, поради опасниот арсен кој го содржи водата од чешмите бараат Граѓанската асоцијација „Арсена“ и Здружението „Патокази“. Поради игнорантскиот однос на општината тие денеска инцијативите им ги делеа на лично,од рака на рака на советниците