Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива: Општината Гевгелија да субвенционира пакувана вода за граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on July 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 3, 2014 19:09

Д а се намали цената на водата и за неа граѓаните да плаќаат како за техничка вода, како и субвенционирање на пакуваната вода за секое домаќинство во Гевгелија. Ова се двете граѓански инцијативи кои граѓанската асоцијација „Арсена“ и Здружението „Патокази“ денеска лично на рака им ги доставија на сите 19 советници во Општина Гевгелија, на Советот на општината, како и на јавното претпријатие „Комуналец“бидејќи повеќе месечните наоди на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во чешмите од гевгелиската водоводна мрежа е присутно недозволива концентрација на арсен, повисока од максимално дозволените стандарди на СЗО.

-На овој потег сме принудени заради грубата блокада на иницијативата на граѓаните која речиси цел месец од нашата достава во архивата на општината остана неиспорачана на адреса на советниците, која стои прикриена во нечија фиока. Намерата е советниците како претставници на граѓаните, бирани од своите гласачи да ги застапуваат во спроведувањето на јавните политики од локано значење, да иницираат расправа по наведените иницијативи и нивно донесување од страна на локалниот совет, изјави за НОВА Јованка Дојранлиева претседател на Здружението „Патокази“.

Со иницијативите се бара граѓаните да го плаќаат тоа што го добиваат од Јавното комунално претпријатие. Ова значи, ако водата е небезбедна за пиење, тогаш, според Правилникот за квалитет на води донесен 2008 –та година, таквата вода треба да служи само за хигиенска употреба, објаснува Дојранлиева.

Граѓанските асоцијации постојано ги потсетуваат граѓаните дека водата за пиење содржи арсен и е опасна по здравјето. Во неколку наврати симболично, преку пакувана вода „Арсена“ се обидоа да им укажат каква вода пијат секојдневно.

Од Министерсвото за животна средина уште во јануари годинава ветиле дека ќе бидат ископани нови бунари и дека е тоа приоритет на оваа Влада. Но, од граѓанските здруженија велат дека бунарите ден- денес не се ископани , а ледината каде што требало да се копаат стои празна, обрасната со трева.

Бидејќи сè уште нема трајно решение со напуштањето на ископите на нови бунари кај Вардар, Граѓанската иницијатива „Арсена“ бара да се субвенционира набавката на пакувана вода за домаќинствата од Гевгелија со отварање на специјални продажни места кои водата ќе ја нудат по набавна цена, а дистрибутивните трошоци и маржата да биде на товар на општината. Граѓанските асоцијации предлагаат и можност за директно субвенционирање на секое домаќинство со 600 денари месечно, кои ќе бидат доволни за набавка на 80 литри вода месечно, кое може да покрие 10-20% од потребите на секое семејство.

-Поради сериозноста на прашањето со водата и превентивната заштита на гевгеличани, очекуваме доколку 1/3 од советничкиот состав ја подржи нашата иницијатива истата да биде предложена и разгледана на вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија, во текот на месецот, вели Дојранлиева.

Граѓаните на Гевгелија постојано се жалат на водата за која со анализи е докажано дека во себе содржи недоволено количество арсен. Во последните години Гевгелија се соочува со висока стапка на смртност на сите видови на малигни заболувања

Од невладините организации предупредуваат дека бројот на заболени од рак е драстично зголемен, а според податоците на Центарот за јавно здравје од рак умираат дури 20 проценти од вкупно починатите во текот на годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.