Author: Mirjana

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  денеска повторно го повика владејачкиот Социјалдемократски Сојуз да се обединеле околу Декларација за значењето на Гоце Делчев за револуционерната борба за македонската државност. Според партијата, на овој начин ќе се покажела сплотеност околу како што се наведува во соопштението, неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значело одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност. Декларацијата базирана на европските принципи  е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели…

Read More

Онлајн и без физичко присуство, американскиот претседател Џо Бјаден го одржа традиционалниот молитвен појадок, седумдесетти по ред. Бајден во своето обраќање истакна дека САД и целиот свет поминаа низ тежок период за време на ковид пандемијата, а дека многу луѓе ги загубиле своите најблиски. Во соопштението што го објави ВМРО-ДПМНЕ, се наведува дека американскиот претседател споделил дека ова е ден-роденден на неговиот син Бо Бајден кој го загубил животот поради рак на мозокот на 46 годишна возраст. Тука биле споменати и неговата ќерка и прва сопруга кои настрадаа во сообраќајна несреќа.  „Секој некогаш поминува низ тешки моменти”, додал Бајден. Американскиот…

Read More

И вчерашната акциска контрола на МВР на територија на град Скопје, регистрира троцифрен број на прекршувања на сообраќајните правила. Од 117 -те прекршоци, петнаесет мерки се за возење без возачка дозвола, 14 за недавање предност на пешаци на пешачки премин, по осум санкции има за возење под дејство на алкохол и за технички неисправни возила, по три за возење повеќе од дозволената брзина, односно за возач почетник, по две за зборување на мобилен телефон и за минување на затворен сигнал црвено светло… -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи…

Read More

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за МИА ги сумира впечатоците од  првата работна посета на ЕУ и на НАТО и од средбите со челниците на овие две институции.  Во интервјуто кое го пренесуваме во целост , Ковачевски зборува за евроинтеграциите, за надминување на блокадата од Бугарија, за Западен Балкан и во поширок контекст за состојбите во и околу Украина. Интервју за дописникот на МИА од Брисел Тања Милевска Кажете ни како помина оваа прва официјална работна посета на ЕУ и НАТО? Прво благодарам на поканата за ова интервју, кое практично се случува по завршувањето на сите планирани…

Read More

Австријците постари од 18 години од денеска мора да се вакцинираат против Ковид-19 или ризикуваат висока парична казна – што се оценува дека се мерки без преседан во Европската унија. Новата мерка, усвоена од парламентот на 20-ти јануари, беше потпишана вчера од претседателот Александар Ван дер Белен како кулминација на процесот што започна во ноември како резултат на брзото ширење на сојот Омикрон. Владата одлучи да продолжи да го следи својот нов, построг пристап, и покрај критиките во земјата. И покрај заканата од ваква драстична мерка, стапката на вакцинација во Австрија се уште не е зголемена и е пониска отколку…

Read More

„CIRCLES” во изведба на Андреа Коевска е композицијата која ќе ја претставува Република Северна Македонија на годинашното издание на најпрестижната европска музичка манифестација „Евросонг“. Автор на музиката и аранжманот на „CIRCLES” е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска. Откако изминатите седум години претставникот беше избиран интерно, Македонската радио телевизија – МРТ, која е организатор на Националниот избор, одлучи да го врати натпреварувачкиот карактер на изборот со што ја вклучи и публиката и ѝ даде можност за онлајн гласање. Победникот на  Националниот избор за песна на Евровизија што во мај ќе се одржи во Торино, Италија, беше…

Read More

Со новите 1493 инфицирани, бројот на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 275 637. Во вчерашната статистика беа евидентирани 31 починат пациент, највисок број во новиот бран на заразата. Дополнително беа пријавени уште осум починати преку „Мој термин“ за периодот од 26 до 31 јануари. Министерството за здравство соопшти дека сите 39 починати имале коморбидитети, а седуммина биле целосно вакцинирани. Скратувањето на периодот на изолација на седум дена влијае на намалувањето на бројот на активни случаи – во државава има 12 764, половина  (6834) се во Скопје. Речиси илјада (964) се во Битола, а над 400 активни имаат…

Read More

Со низа свечености и настани во Република Северна Македонија и во Бугарија вчера беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Во Скопје на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас се поклонија и положија венци цвеќе шефот на државата Стево Пендаровски, како и делегации на Собранието и на Владата предводени од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. На гробот на револуционерот цвеќе положи и оддаде почит и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од…

Read More

Лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање. Од Европската комисија, пак, се очекува да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија. Ова е епилогот од првата дводневна официјална посета на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел. На средбите во европските институции во Брисел, Ковачевски беше придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, Ковачевски кажал дека во наредниот период, за време на претседавањето…

Read More

Нема договор и по втората средба меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Синдикатите остануваат на барањето за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, додека дел од работодавачите со предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата. Она за што сите социјални партнери се согласни е дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата не е прифатлив за никој. Разговорите, според најавите, треба да продолжат следната недела откако во понеделник на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на вчерашниот…

Read More

Најстудено изутрина е во Берово, каде се измерени – 11 степени, по што следат Битола со -9,  како и Берово и Скопје-Петровец – 7. Минус шест степени се регистрирани во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица,  -5 во Тетово, Штип, Гевгелија и Куманово, -4 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Дебар, -3 во Охрид и Виница, -2 во Маврови Анови и Попова Шапка, 0 Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисока снежна покривка од 49 сантиметри има во Маврови Анови, во Попова Шапка 30, Крушево и Пожаране со по 25 односно 24… Според прогнозата на УХМР, времето претпладне во…

Read More

Денеска по повод  150 години од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје делегации на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на споменикот во чест на Гоце Делчев. На гробот на Гоце Делчев се поклони делегација на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Свежо цвеќе положи и делегација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Жаклина Пешевска, делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Сергеј Попов,  делегација на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мане Јаковлевски, и делегација од…

Read More