Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
И покрај тоа што новиот бугарски премиер Кирил Петков дојде во Македонија со многу позитивна енергија и со видно изменета реторика и барања, со волја да го затвори ветото и се продолжи напред, македонската длабока држава очигледно нема намера да се има позитивно решение со Бугарија и почнаа со натпревар во измислување на нови проблеми. За жал перјаница на сите нив е г-динот Никола Димитров, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија. По посетата на добра волја на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски во Софија, пред да го стават ветото, од неколку бугарски функционоиери му…
САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот. Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во утврдениот рок, ги потврди и рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин. Тој синоќа изјави дека вежбите ќе траат од 10 до 20 февруари и дека се изведуваат за тренинг на Минск и Москва за „одбивање надворешна агресија“. -На територијата на Белорусија од Русија…
Во пензионерски дом во предградие на Валенсија ноќеска избувнал пожар во кој загинаа пет лица, соопшти противпожарната служба. Пожарот избувнал околу полноќ и биле потребни околу два часа да се стави под контрола, сооштија пожарникарите на официјалниот Твитер профил. Околу 70 корисници на домот се евакуирани од објектот во Монкада, северно предградие на Валенсија, третиот по големина шпански град. Во домот живееле 100 лица. Единаесет лица морале да добијат помош во болница поради вдишување чад, соопшти службата за итна помош. Пожарникарите и полицијата ги истражуваат причините за пожарот. -Првите индиции укажуваат на две можности: дефект на електричната инсталација веројатно поврзана…
Вкупно 138 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, во рамки на засилените сообраќајни акциски контроли. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат пешаците. – Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање, информираа денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод празникот Богојавление-Водици, упати честитка до православните христијани во државава и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. Посакува мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите граѓани. Мицкоски истакнува дека празникот на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето. Овој ден, посочува, ја носи пораката на големата верба и надеж дека секое искушение и предизвик може да биде надминат ако сме водени од љубовта кон Бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи. …
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици и им посака празникот да го дочекаат и поминат во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина. – Ова се времиња на предизвици од најразлична природа, економска, здравствена, политичка. Како луѓе, како граѓани, како активни чинители во општеството, сите ние имаме одговорност да го дадеме најдоброто од себе, да го вложиме максимумот денес, затоа што тоа ќе биде од значајна полза утре, и за нас, меѓутоа најважно од сè, за…
Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан. Пендаровски во честитката по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до сите кои го слават, им посака да го поминат пред сѐ во добро здравје, исполнети со мир, хармонија и со радост. – И годинава како и минатата, Богојавление – Водици го празнуваме соочени со сѐ уште присутната епидемија на КОВИД-19,…
Уште од рано утринава со свети црковни литургии, почнаа активностите поврзани со верскиот празник Богојавление-Водици. Манифестацијата на положување на Светиот крст во Охридското езеро го обави митрополитот на Кичевско-Дебарската епархија владиката Тимотеј . Крстот го фати Мартин Гоџо, кој беше најснаодливиот меѓу стотината учесници , кои запливаа во осветените води на Охридското езеро, за овој Богојавленски празник. По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат. На градскиот плоштад во 12 часот, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9…
Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време (20 часот по средноевропско време). Казахстанските власти соопштија дека во сите региони е повторно воспоставен редот и мирот, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс. Немирите почнаа на 5 јануари, по што претседателот Касим Јомарт Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја до 19 јануари на полноќ и полициски час што во истиот период ќе трае од 23 до 7 часот. По стабилизирањето на ситуацијата, властите од 12 јанаури почнаа постепено да ја укинаат вонредната…
Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејсус, ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот „не е ни блиску до својот крај“. Тој потсети дека некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради сојот омикрон. Би-Би-Си пренесе дека Тедрос, на редовната прес-конференција во седиштето на СЗО во Женева, кажа дека сојот омикрон само минатата недела предизвикал 18 милиони нови инфекции ширум светот. -Иако овој сој може да се покаже дека е помалку сериозен, наративот дека се работи за блага болест е погрешен, рече тој. „Не правете грешка, омикрон предизвикува хоспитализации и смртни случаи, а уште…
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до 1, а максималните од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро ќе преовладува студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до -4, а максималните ќе достигнат до 6 степени. Од УХМР информираат дека до утре попладне ќе се задржи стабилно и суво време, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се…
Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа во пик на КОВИД-заразата. Одлуката за одложен почеток на второто полугодие завчера ја донесе Владата по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на седница вчера таа го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158. -Со одлуката…