Author: Mirjana

На 27.12.2021 во 22.00 часот на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од с.Стојаково, гевгелиско. При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба. Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за…

Read More

Од 1 јануари 2022 година сите вработени кои се ангажирани во трговијата ќе имаат 100 проценти поголема дневница. Како што објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, според измените на Законот за трговија кои беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен,  кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%.  Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето…

Read More

На мерните места во Скопје во Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и во Струмица во изминатите два дена надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10), информира Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа, како што појаснуваат, значи дека во два последователни дена е надмината вредноста од 150 микрограми на кубен метар на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10) во амбиенталниот воздух. Според податоците, среднодневните концентрации на ПМ10 честичките во амбинеталниот воздух на 25 декември во Центар изнесувале 181,48, во Гази Баба 167,48, во Лисиче 221,27, кај Ректорат 186,38 и…

Read More

Во последните 24 часа, направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Регистрирани сe 257 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари средба со пензионираните генерали во Армијата. На традиционалната предновогодишна средба со пензионираните генерали, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија со зачленувањето во НАТО исполни една од нашите главни стратешки цели и се валоризираа севкупните напори на сите што работеа во областа на одбраната, а каде голем удел имаа и сите припадници на Армијата, од независноста до денес. Армијата на Република Северна Македонија денес, нагласи претседателот Пендаровски, е рамноправна со сојузничките армии на другите земји членки на НАТО Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност. Претседателот Пендаровски им се заблагодари на…

Read More

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата, распоредени во мировните мисии КФОР во Република Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан. Во текот на разговорот припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за нивните должности и начинот на нивното извршување, за тековните активности, за предизвиците со кои се соочуваат во текот на реализирањето на своите задачи, безбедносното окружување, како и за моралот и здравствената состојба на мировниците. Претседателот Пендаровски истакна дека благодарение на професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мировни мисии, Република Северна Македонија дава значаен придонес за глобалниот мир…

Read More

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово до СДСМ доставил писмена оставка на функцијата потпретседател на партијата.   Со овој потег, се подгреваат коментарите дека Спасовски ќе си оди и од извршната власт зашто засега нема информација дали тој ќе биде дел и од реконструираниот владин кабинет. Пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица. – На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер…

Read More

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо“. – Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за пропагандни цели на учениците од гимназијата „Елез Кочи“ во Острени и училиштето „10 покојници” во Требиште, во областа Голо Брдо, претставувајќи ги како бугарски ученици, се наведува во партиската реакција. МАЕИ додава дека во областа Голо Брдо немало и…

Read More

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински персонал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.

Read More

„Дух“ е пригодно име за леталото кое е осмислено да биде речиси целосно невидливо. Но, дури ни најдобрата стелт технологија на бомбардерот Б-2 очигледно не може да се сокрие од очите на сателитите на Google. Имено, Стелт бомбардерот Б-2 снимен е на сервисот на Google Earth како надлетува една фарма во сојузната американска држава Мисури, пишува РТС. Две милијарди долари вредното летало го забележал корисникот на  Редит, кој тоа го подели на социјалната мрежа. Неговиот пост привлекол големо внимание. Лајкуван е 110.000 пати а под него биле оставени 3.000 коментари. На снимката се гледа Б-2 бомбардерот кој го надлетува руралниот…

Read More

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски со членовите кои треба да ги предложи за највисокото партиско раководство, ветува нова енергија во СДСМ. Од партиски извори Нова дознава дека во новиот Централен одбор на партијата, влегуваат Мишко Ралев професор и декан на факултет за архитектура и дизајн, како актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти. Во ЦО на СДСМ влегува и Леонид Наков професор на Економски факултет. Изборот на Ковачевски за ново партиско раководство е составено од различни профили на личности, односно СДСМ во највисоките структури ќе добие повеќе општествено познати и признати личности. Лидерот на СДСМ, Ковачевски утре на ЦО треба да…

Read More

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски утре ќе ја депонирал оставката од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  „Македонија пат“. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на партијата што се одржа во Тетово. Ибраимовски рече дека ПЦЕР како една од најстарите коалициони партнери на СДСМ , од новиот лидер Ковачевски ќе барала партнерство за сосема поинакво учество во институциите, но какво не откри. – Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон…

Read More