Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се обрати на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот. Ковачевски им честиташе на учесниците на академијата, како шанса за проширување на нивното знаење, и се осврна на претстојните предизвици пред кои е исправена државата. Пред присутните, претседателот Ковачевски порача дека младите социјалдемократи треба да бидат активни и гласни, да бидат што повеќе вклучени во процесите на креирање и реализација на квалитетни младински политики. „Како млади луѓе треба да ја насочите енергијата и креативноста да се борите против неправдата во општеството. Сржта на добрите социјалдемократски политики и одлика…
На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат. Според билтенот на МВР, биле затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.
Поранешниот национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец ги отфрли како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно управување или контролирање новинари или медиуми. Во демантот објавен на неговата Фејсбук страна, Забрчанец нотира дека врз основа на природата на неговата професија и ангажираноста во Владата, бил во контакт со повеќе новинари на дневна основа и во тие рамки комуницирал и со лицето Бојан Јовановски, како што пишува, исклучиво службено и професионално, информирајќи го за активностите на Владата и одговарајќи на барањата на медиумот што го…
Градоначалничката Данела Арсовска во првите месеци од мандатот не работи ништо освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани. Нејзините лаги околу оправданоста на Бас рапид транзит системот се директно демантирани и од Европската банка за обнова и развој која одобри средства за финансирање на овој проект. Од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучувајќи ги и БРТ системот, подложат на детални проверки пред да бидат одобрени. Главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените…
Владата изминатите неколку денови ги израдува децата во малите групни домови низ државата, како и во установата за деца со социјално-воспитни проблеми, доставувајќи им 150 новогодишни пакетчиња на нивните адреси, информира владината Прес-служба. – Владата е посветена на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно, се наведува во соопштението. Од Владата посочуваат дека една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови е дека не се…
Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА. Тој не сака да навлегува во предвидувања колку ќе поскапи струјата по 1 јануари, но нагласува дека како Влада направиле се што е во нивна моќ за да осигураат евентуалното поскапување да не биде како што некои најавуваат. – Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните…
Побрз и одржлив економски раст на земјава е можен, доколку се зголеми потенцијалот за раст, а тоа може да се постигне само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст – трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Капитал“. Според неа независно од предизвиците поврзани со пандемијата, не треба да се остават структурните реформи настрана, односно процесот на отстранување на структурните пречки мора да се одвива непрекинато. – Според последните расположливи податоци, нашата продуктивност е само околу 44 отсто од европската,…
Направивме голем исчекор во иницијативата „Отворен Балкан“, затоа што ја отвораме мобилноста на работната сила меѓу трите држави и се надевам многу брзо и меѓу сите шест држави од Западен Балкан. Крајната цел е поголема конкурентност на нашите економии, а регионалната конкурентност ќе биде спасот за овој регион, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА. „Отворен Балкан“, вели тој, не е замена за Европската унија, додавајќи дека не е важна иницијативата, туку целта која треба да се постигне. – Не денеска, туку вчера требаше ова да биде направено, затоа што утре…
Денешниот ден, Христовото раѓање – Божик, е вечниот симбол на нашата надеж, дека Бог е со нас и дека преку вербата, можат да се пребродат и најтешките искушенија, порача премиерот во оставка Зоран Заев. Тој во објава на Фејсбук ги повика верниците да ги прифатат пораките на празникот и да подадат рака на оној на кој што му е потребна. – Ве повикувам да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов, да не заборавиме на добротворните дела, насмевката и радоста, оти само така сме корисни за нашето општество,…
Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам празникот рожденство Христово на сите христијани кои го прославуваат според грегоријанскиот календар. Божиќ е најсветлиот празник за секој христијанин, затоа што симболиката на овој празник е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Празничната вест за раѓањето на Христос нека го исполни секој дом со радост, спокој и мир, а срцето на секој верник со љубов. Божиќ е семеен празник кој секогаш не потсетува на христијанските и цивилизациски вредности на хуманост и подадена рака кон своите ближни, но и на оние на кои тоа…
– Празниците се посебни денови кои имаат моќ на обединување, на дарување и солидаризирање со блиските, со далечните, со познатите, пријателите и соработниците, кога секој наоѓа нешто убаво за споделување со другите. Ширењето на мирот и спокојот во душата, гласното кажување на убавата и благородна мисла, споделувањето на трпезата и давањето таму каде што трпезата е празна е неизбежен дел и на овој убав божиќен празник. Затоа што, за жал, животот и светот не ги третира подеднакво сите луѓе, тагата и несреќата не се непознати за голем дел од човештвото и доколку постои барем и мала можност за враќање на…