Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Пристанишните власти на Халкидики трагаат по двајца државјани на Северна Македонија кои исчезнаа во морскиот предел на Посиди.Тамошните медиуми јавуваат дека туристите пливале на плажата „Мити“. Крајбрежната стража од водата изваде еден државјанин на Северна Македонија, додека потрагата по двајца се уште трае.Како што јави грчката телевизија „Скај“, исчезнатите го прославувале роденденот на забава на плажа. Тие скокнале во водата и струјата ги однела. Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три пловни објекти на крајбрежната стража. Во областа Посиди дува ветер од 5 до 6 степени по бофор, (М.Т.) https://www.youtube.com/watch?v=QmzbY1FoGqo
Десетици медиуми вчера и денеска на ударни места објавија вест со наслов дека Чешката република и други земји членки на ЕУ не биле консултирани од француското претседателство за предлогот на преговарачката рамка усогласен со Бугарија. Оваа вест, која долеа оган на многу други контроверзни информации со актуелниот француски предлог, беше основана на изјава од чешкиот експерт за европски интеграции, Јана Јузова. Таа како гостин на Институтот за европски полтики од Скопје ја дала следнава изјава: „Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани…
„Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете Министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, се наведува во одговорот од македонското МНР на интересот од новинарите што ќе одговори Османи на поканата од бугарското МНР за средба во Бнако на состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.
Како што МВР веќе информираше, во врска со случајот со брза реакција на полицијата веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, со што беше избегнат поголем инцидент. Предметниот пиштол му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, а до ОЈО е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик. Притоа, во соработка со ОЈО Скопје од страна на Судија на претходна постапка, против Е.Ј. е определена мерка притвор. Македонските медиуми го идентификуваа лицето и внимателно го следеа развојот на настаните, па обидите на Мицковски за пласирање…
Македонскиот јазик и идентитет не се доведени во прашање, уверуваат дипломатки извори од ЕК на брифингот за новинар одржан денеска во Скопје. “Самиот факт дека се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата треба да обучи соодветен број преведувачи јасно укажува дека јазикот е заштитен“ беше речено на брифингот. Како пример посочија дека во случајот на преговарачката рамка за Македонија јасно е наведен македонскиот јазик што на пример како што велат истите извори не е случајот со Црна Гора во чија преговарачка рамка стои “официјалниот јазик” . Истите извори изразуваат чудење што овој…
Од Полска до Шпанија земјоделците го изразуваат своето незадоволство од многуте проблеми што ги мачат. Протестите на земјоделските производители стануваат се почести и интензивни низ Европа. Овој сектор беше првиот на удар од кризата која го зафати целиот свет, како и рестрикциите поврзани со „Зелениот договор“ на Европската унија. Пореметувањата што ги мачат земјоделците се разновидни. Најголеми проблеми се ниските откупни цени, високите цени на производствените трошоци, пред се вештачките ѓубрива и горивата. Се поголем дел од населението ги поддржува земјоделците, пренесува Агроклуб. Во април полските фармери предводени од Агрунија, националната организација на фармери, протестираа пред зградата на полското Министерство…
За време на третото трчање со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона, Шпанија, седум лица беа повредени и пренесени во болница, од кои двајца беа повредени од гушење. Третата од осумте трки траеше две и пол минути. Во третото трчање на биковите во Памплона, кое се одржува секоја година во рамките на фестивалот „Сан Фермин“, седум лица беа пренесени во болница, од кои двајца беа повредени од роговите на бикот. Учесниците се тркале со шест бикови со тежина од 500 до 750 килограми. El #Encierro3RTVE ha durado 2 minutos y 34 segundos. ⭕ Sigue nuestro especial en DIRECTO:https://t.co/JAVlHDfm8R pic.twitter.com/JDNDTjSX6D…
Северна Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-бугарската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев. „Не може Северна Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Северна Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките…
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија испрати нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Преку неа е упатена покана до министерот Бујар Османи да одржи годишен состанок на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година на 9, 10 или 11 јули 2022 година во градот Банско. На претстојниот состанок на оваа заедничка комисија треба да се разгледа имплементацијата на билатералната спогодба за изминатиот период и да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка во сите сектори, се наведува во официјалната објава на бугарското МНР. Од македонското…
Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас, еден од фаворитите за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, денеска изјави дека одлучил да не се кандидира за позицијата лидер на Конзервативната партија. „По внимателно разгледување и разговори со колегите и семејството, донесов одлука да не се кандидирам за лидер на Конзервативната партија“, напиша Валас на Твитер. „Изборот не беше лесен, но мојот фокус е на мојата сегашна работа и на безбедноста на оваа голема земја“. Џонсон поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по бранот оставки на министри и високи функционери на британската влада, но ќе остане како британски премиер додека не…
Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ, ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен во која ја изнесуваат поддршката за отворање на пристапните преговори со ЕУ. „Го поздравуваме компромисниот…
Расте бројот на новозаразени од коронавирусот во регионални рамки, но и вестите што доаѓаат од Европа се со слична информација – коронавируст тргна во летен поход. Директорката на главната Ковид болница во Србија, Батајница, д-р Татјана Аџиќ Вукиќевиќ, предупреди дека реалниот број на заболени е околу 4.000 лица дневно, како и дека се зголемува бројот на пациенти во болниците. „Во изминатите десет дена двојно е зголемен бројот на заболени од корона вирусот во болницата во Батајница и очекувам дополнително зголемување на бројот на примени, со оглед на зголемувањето на бројот на заразени, но сега клиничката слика на Ковид-19 е многу…