Како што МВР веќе информираше, во врска со случајот со брза реакција на полицијата веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, со што беше избегнат поголем инцидент. Предметниот пиштол му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, а до ОЈО е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик. Притоа, во соработка со ОЈО Скопје од страна на Судија на претходна постапка, против Е.Ј. е определена мерка притвор.

Македонските медиуми го идентификуваа лицето и внимателно го следеа развојот на настаните, па обидите на Мицковски за пласирање на лаги и дезинформации се сега насочени кон медиумите од другите држави, се наведува во демантот на МВР на интервју на Мицкоски за ТВ каналот Прва во Србија.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство.