Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години, се наведува во објавата од страна на Неуромедика на социјалните мрежи. Проф. Др, Чепреганов беше специјалист невропсихијатар кој поради виталниот дух и здравствена состојба неуморно работеше и во својата деветта деценија од животот. Беше активен и на полето на публицистиката од својата област при што има издадено 63 монографии и над 8 книги.…
Ескалира состојбата во Шри Ланка. Демонстрантите денеска упаднаа во официјалната резиденција на лидерот на Шри Ланка во Коломбо, додека повеќе од 100.000 се собраа надвор, според полицијата, повикувајќи го претседателот Готабаја Раџапакса да поднесе оставка поради неговото лошо справување со економската криза во земјата. Видеото емитувано на телевизијата Шри Ланка и на социјалните мрежи покажа дека демонстрантите влегуваат во Претседателскиот дом, канцеларијата и резиденцијата на Раџапакса во трговскиот главен град, откако ги пробиле безбедносните кордони поставени од полицијата. Сликите покажуваат демонстранти внатре во зградата, како висат транспаренти од балконот, и како пливаат во базенот на резиденцијата. Раџапакса не е на…
Андреа Џенкинс непосредно пред изборот за министер за образование на Велика Британија, го посети во знак на поддршка сеуште актуелниот премиер Борис Џонсон пред неговото повлекување од Конзервативната партија, притоа покажувајќи им го средниот прст на оние кои дојдоа да протестираат на Даунинг стрит. Џенкинс е сопартијка на Џонсон односно член на Конзервативната партија. Is it too much to ask in @BorisJohnson Britain that the new Education Minister set an example to our nations children and not show the general public her middle finger. pic.twitter.com/MHlkZvIIBL — David Lammy (@DavidLammy) July 8, 2022
Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата. Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците. Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето. Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи покривот. Засега, освен за помала материјална штета на домовите и возилата во…
Енергетската координација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се наведува во соопштението. Договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период. Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ како една од главните точки на состанокот, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и…
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната безбедност, се наведува во соопштението од ова претпријатие. Беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, утрово ги санирале штетите по што обезбедиле нормален проток на водата низ…
Денеска по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Општинската Организација на СДСМ Центар подели хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Во духот на солидарноста, хуманоста, заедништвото и негувањето на добри меѓусоседски односи, Општинската Организација на СДСМ Центар ќе продолжи со вакви хумани акции со цел секое семејство да помине пристојни празнични денови, се наведува во соопштението. Воедно, Општинската Организација на СДСМ Центар на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот и им посакува среќни празнични денови во мир и слога.
Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата, ова се наведувало во дел од документацијата на бугарското МНР, која била доставена до пратениците на собраниската комисија за надворешна политика во бугарското собрание, на 23 јуни а во која имало увид, како што информира, Дојче Веле. Покрај Протоколот од меѓувладината македонско-бугарска комисија и Извештај за односите со Северна Македонија и францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како што јавува Дојче Веле на македонски јазик, имало и елаборација за…
Синоќа во временски интервал од 22.00 до 01.00 часот по полноќ, во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од советот за малолетничко престапништво од Општина Битола извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници. Оваа активност е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои…
Во изминатите 30 години Народната банка ја одржа својата репутација на независна, стручна и кредибилна институција, која е столб на финансиската и макроекономска стабилност и дава поддршка во економскиот развој на земјата. Ова беше посочено од страна на поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за време на транзицискиот период, Бишваџит Банерџи. Во рамки на неговата посета, организирана како дел од активностите за јубилејот „30 години монетарна самостојност“, Банерџи оствари работна средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите и членовите на Советот, а исто така одржа предавање пред претставници на финансиските регулатори, банкарскиот сектор, универзитетски…
Најмногу дожд до осум часот утрово наврнал во Куманово, каде се измерени 52 литра на метар квадратен, на Попова Шапка 47 и 42 литра во Тетово. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа во Пожаране наврнале 40 литри, Скопје-Петровец 34, Прилеп 33, Крушево и Скопје на Зајчев Рид 32, Маврово 26 , Виница 24, Охрид 22, Претор 18, Штип 17, Лазарополе и Ѓуриште 16, Тополчани 15, Демир Капија 11, Крива Паланка 10, Битола 8, Струмица и Гевгелија шест, Берово пет и во Дојран четири литри на метар квадратен. УХМР за денеска најавува претежно облачно и свежо со врнежи…
Полицијата на автопатот кај клучката „Миравци“ синоќа нешто по полноќ уапсила скопјанец и арачиновец откако утврдила дека она што превезувале биле мигранти. Притоа полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од с.Арачиново, скопско. „Имено, околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија, се наведува во соопштението од МВР. Против М.Ј. и А.А. ќе биде поднесена…