Author: Mirjana

Премиерот Димитар Ковачевски им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед со порака дека сите неволји може заеднички да се совладаат во духот на вековната традиција на соживот. „Денешниот голем муслимански празник Курбан Бајрам нè потсетува на нашата најважна човечка мисија – во духот на трпението, несебичноста и пожртвуваноста да се погрижиме за најблиските и сите оние на кои им е потребна подадена рака и да ги сочуваме великодушноста, сочувството и солидарноста кои сега ни се потребни повеќе од било кога. Величественоста на Курбан Бајрам Бајрам едновремено нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги…

Read More

Полските студенти се восхитени од автентичноста на македонскиот јазик, којшто на Шлезискиот универзитет можат да го изучуваат од најосновното рамниште, а еден дел од нив продолжуваат со изучување на повисоки рамништа. Затоа, на вториот циклус студии, часовите по македонски јазик се одвиваат интензивно, на значително високо рамниште, а на Универзитетот има и докторанти по македонски јазик. Но, веќе се создаваат и нови перспективи – со заеднички проект за модерни славистички студии на Шлезискиот универзитет (Полска), Остравскиот универзитет (Чешка Република) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), поддржан со програмата Еразмус Плус. Како резултат на овој проект, веќе ќе…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам, испрати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед со која порачува дека само сплотени ќе успееме да создадеме подобра иднина. „Во овие одлучувачки моменти во кои се наоѓа Македонија, потребно е да си подадеме рака за да ги надминеме предизвиците, да не се наседнува на смислените провокации кои внесуваат поделби на етничка или верска основа кои се само параван за остварување на некакви други лични интереси. Цврсто верувам дека таквите вештачки поделби се предавство на вредностите во кои што веруваме без разлика на етничка, врска или политичка припадност. Проблемите се…

Read More

Колата со посмртните останки на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе пристигна денеска во неговата резиденција во Токио. Поворката ја напушти болницата во градот Нара рано утрово, каде што голем број Јапонци му оддаваат почит на убиениот политичар кој во вторник ќе биде погребан во неговиот роден град. Ова е редок чин на политичко насилство што ја шокираше цела нација, пренесува Ројтерс. Во понеделник ќе се одржи ноќно бдение, а Абе ќе биде погребан во вторник на 12 јули во родниот град Шимоносеки, во јапонската префектура Јамагучи, на кое ќе присуствуваат блиски пријатели, објавија јапонските медиуми. Не се споменуваше јавна церемонија.…

Read More

Курбан бајрам е празник на солидарноста и негувањето на добрите навики на милосрдието, дарежливоста и човечноста кон ранливите кои имаат насушна потреба од поткрепа. Важноста на празникот најмногу доаѓа до израз токму во периоди на економски предизвици со кои се соочува нашата држава и поголемиот дел од светот. Истовремено, Курбан бајрам е нераздвоен дел од вековниот соживот во македонското мултирелигиско и мултиетничко општество. Празничните денови се можност за продлабочување на взаемното почитување преку запознавање со традициите на различните од нас, се наведува во честитката на претседателот Стево Пендаровски по повод Курбан Бајрам. Уверен сум дека солидарноста кон ранливите и соживотот…

Read More

Естонската премиерка Каја Калас денеска соопшти дека нејзината либерална Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање мнозинска коалиција во парламентот, пренесува естонскиот јавен сервис. Калас се согласи да ја поднесе номинацијата и да биде повторно именувана на функцијата од новото парламентарно мнозинство како дел од постигнатиот договор, објави Ројтерс.

Read More

Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. По молитвата, верниците го почнуваат тридневното славење, во кое почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот. Курбан Бајрам е и празник на славење на извршувањето на петтиот исламски столб Хаџот. Претседателот на Собранието Талат Џафери во празничната честитка порача да се обединиме пред секоја пречка и тешкотија и да го споделуваме она што го немаме и она што го имаме со посиромашните и помалку моќните од нас.  Курбан Бајрам, како празник на солидарноста и сочувството, празник на широкоградоста и простувањето, разбирањето и…

Read More

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе се движи од 18 до 24 степени. Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде обилен и пороен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде…

Read More

Германскиот Парламент вчера ја изгласа  владината одлука за испраќање војници во Мировната мисија на Европска Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа) и продолжување на мандатот на вооружените сили на Косово во рамките на КФОР за уште една година. Пратениците од владејачката коалиција составена од Социјалдемократската партија (СДП), Зелените и Слободната демократска партија, гласаа за двете мисии. Германија во следните 10 години ќе испраќа по 50 војници во ЕУФОР Алтеа во БиХ, а  мандатот на 400 германски војници во Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) е продолжен за уште една година. Германската арамија во Косово е уште од 1999 година, како дел од меѓународна мисија. Мисијата…

Read More

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на Богородица за излез од државата половина час, соопшти утрово АМСМ. На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово –…

Read More

Во понеделник би можело да се знае кога ќе биде дебатата за францускиот предлог во македонското Собрание. На редовната понеделничка координација во Собранието треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија. Неизвесно е присуството на координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој побара Информацијата да и биде вратена на Владата бидејќи ги нема главните документи. Во однос на францускиот предлог вчера со став излегоа и Европската комисија и САД. Претседателот на Собранието…

Read More

По објавените информации во медиумите, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени државјани на Северна Македонија (О.П, Г.П и Н.Т), осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи.  Амбасадата останува во контакт со официјалните инситуции од каде се очекува наскоро да се добие и официјална писмена потврда за деталите од овој настан, информира македонското МНР. 

Read More