Естонската премиерка Каја Калас денеска соопшти дека нејзината либерална Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање мнозинска коалиција во парламентот, пренесува естонскиот јавен сервис.

Калас се согласи да ја поднесе номинацијата и да биде повторно именувана на функцијата од новото парламентарно мнозинство како дел од постигнатиот договор, објави Ројтерс.