Author: Mirjana

Државниот архив на Република Северна Македонија врши постојано дополнување на архивските фондови кои се наоѓаат во приватна сопственост во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство. Преку овој повик на приватните иматели (создавачи) им се нуди можност да подарат архивски материјал – лични фондови, кој е од особено значење за националната и локалната историја како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во Република Северна Македонија.  На подарениот архивски материјал во Државниот архив и неговите подрачни одделенија му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка како и негово користење за научни цели. Архивскиот материјал…

Read More

Претседателот на Евроатлантскот совет на Македонија во интервју за НОВА зборува за актуелната политичка криза и последиците кои можат да произлезат од неа за остваруваење на стратешките цели.. НоваТВ: Како го оценувате исходот од овие избори како полтички конктекст за нашите евроатлантки интеграции? – Самиот факт дека на локалните избори убедливо победи опозицијата,која во досегашната пракса,барем голем дел од неа,не покажа интерес за вредности кои се во контекст на евроатлантските интеграции,се доведува во прашање динамиката кон тој пат.Тоа ќе го манифестираат со деструкции на локално ниво со цел да внесат политичха криза за да предизвикуваат предвремени парламентарни избори,на кои по…

Read More

– Има реформи во Врховниот суд и во Апелационите судови, така што сметам дека ова е процес кој ќе продолжи во правец на подобрување , изјави претседателот на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур Роберт Спано на заедничката прес конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан дали македонските судови се подобруваат  во однос на времетраењето на судските случаи. За претставката за  должината на притворот  на Орце Камчев , Спано не сакаше да коментира бидејќи рече е во процес на разгледување, и не е информација за која може да зборува на прес конференција.  Новинарите кои се интересираа за тоа…

Read More

Наводно, вработен во Агенцијата за национална безбедност во 2019 година, во сојузништво со поранешен обвинет, па амнестиран за ,,крвавиот четврток “, уценувале сопственик на градежна фирма. Доцна попладне уапсени се двајцата, по наредба на скопското јавно обвинителство, дознава НОВА од извори во Обвинителството. Според нашиот извор, случајот во полиција го пријавил бизнисменот на кого агентот од АНБ му барал 5000 евра да му помогне да се затвори  истрага која наводно се водела за неговата градежна фирма. Парите бизнисменот требало да ги предаде на вториот осомничен, кој веќе има кривично досие. Со форензички обработени пари бизнисменот се појавил на договореното место…

Read More

Република Северна Македонија со честитка се вклучи во одбележувањето на 75-годишнината од основањето на УНЕСКО. Пораките што секоја земја ги испраќа во светот, а кои од денеска се шират преку мрежата на светската организација, Северна Македонија ги прати во видеозапис со културните и природните богатства и со учество на „Саунд чалгија систем“. Со оваа порака, Северна Македонија се вклучува во виртуелната прослава на јубилејот на УНЕСКО: „Република Северна Македонија е членка на УНЕСКО од 1993 г., но како дел од поранешна Југославија, ние сме членка на ова светско семејство речиси колку нејзиниот јубилеј. УНЕСКО за нас значи признавање на културните…

Read More

Администрацијата на Бајден денеска објави дека нејзините правила за вакцини кои важат за приватните бизниси со 100 или повеќе вработени, одредени здравствени работници како и федерални компании, ќе стапат на сила на 4 јануари, објави CNN. Правилата предвидуваат дека вработените кои спаѓаат во тие групи ќе треба да ги имаат примено потребните вакцини за да се смета дека се целосно вакцинирани, или две дози од вакцината Фајзер или Moдерна или една доза од вакцината Џонсон & Џонсон, до 4 јануари. Осумдесет и четири милиони вработени кои работат кај големите работодавачи и 17 милиони здравствени работници во установите кои учествуваат во…

Read More

При поднесувањето на оставката, премиерот Заев истакна дека не треба да има нови избори и дека очекува СДСМ да продолжи да ја води Владата со нов премиер. И ВМРО-ДПМНЕ побара нови избори, индиректно потврдувајќи дека нема мнозинска поддршка во Собранието, па станува извесно дека мандатот повторно ќе го добие СДСМ и ќе состави нова Влада. Истото тоа мнозинство подоцна, ќе одлучи дали ќе има или не предвремени парламентарни избори, но засега се чини дека тоа е „симнато од дневен ред“ и покрај барањето од Мицковски, вели во интервју за НоваТВ, Александар Кржаловски, Директор на Македонски Центар за Меѓународна Соработка. Тој…

Read More

Ракот на грлото на матката е четвртиот најчест карцином кај жените ширум светот, убивајќи повеќе од 300.000 секоја година. Речиси девет од 10 смртни случаи се во земјите со низок и среден приход каде што има мал пристап до скрининг за рак на грлото на матката. Се надеваме дека вакцинацијата ќе има уште поголемо влијание во тие земји отколку побогатите нации како што е Велика Британија, се заклучува во веста објавена од „Cancer Research UK“. Вакцината за хуманиот папиломавирус или ХПВ ги намалува случаите на рак на грлото на матката за речиси 90%, покажуваат првите светски податоци за делувањето на…

Read More

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, утре, петок (05.11.2021 година) и во сабота (06.11.2021 година), на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.  ВОЗЕН РЕД во петок (05.11.2021 год)  Дополнителни автобуси (термини) на линија 59 Од Карпош: 9 ч, 10.30 ч, 12 ч, 13.30 ч, 15 ч. Од Гробишта Бутел: 9.45 ч, 11.15 ч, 12.45 ч, 14.15 ч, 15.45 ч. Редовни автобуси (термини) Линија 59 Од Карпош 3: 6.20 ч, 7.50 ч,  9.20 ч,  10.50 ч,  12.20 ч, 13.50 ч,  15.20 ч, 16.50 ч, 18.15 ч. Од Кучевишка…

Read More

За да се случи нешто спектакуларно треба опозицијата да има мнозинство и не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да најавува да направи ново мнозинство и тоа не може да се случи додека власта има стабилно мнозинство, без оглед на резултатите на локалните избори, не само СДСМ туку и коалиционите партнери потврдија дека има стабилно мнозинство, рече пратеничката од редовите на СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија и член на комисијата за правен систем, Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на „Утински брифинг“. -Ако имаше Мицкоски веќе обезбедено мнозинство во парламентот не би барал предвремени парламентарни избори, штом премиерот најави оставка, со обезбедено мнозинство…

Read More

-Ќе биде прогласена енергетска кризна состојба во државата со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО со цел да се зголеми нивната ликвидност за да може да се интервенира во увозот на струја. Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени. Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електроенергетскиот сектор во државата. Министерството за економија предложи до Владата, и во саботата беше донесена Уредба за начинот и критериумите за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор со цел…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More