Author: Mirjana

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Н.Б., кој околу 21 часот во заедничката куќа во Тетово физички го нападнал неговиот 70-годишен татко. До инцидентот дошло поради нарушени семејни односи. Синот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Read More

Откако минатата година Финска на своите аеродроми постави кучиња обучени да „препознаваат“ патници со коронавирус, се повеќе земји ги користат овие животни односно нивното чувство за мирис,за да ги стават во функција на заштита од Ковид-19. Најновата вест, за која јавува Ројтерс е дека Австриската војска истренирала две кучиња кои поприлично успешно се оспособиле да го намирисаат вирусот. и тоа со висок степен на точност. Како што изјавила министерката за одбрана на Австрија, Клаудиај Танер, војската сега во целост обучила две кучиња, белгиски овчар и ротвајлер, да откријат коронавирус откако намирисале повеќе од 3.000 примероци, вклучувајќи користени маски за лице, со…

Read More

Новоизбраниот градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека во опоштината се уште не било спроведено новото уставно име на државава, но дека Северна Македонија е реалност. -За мене лично секогаш ќе биде Репбулика Македонија. Но, Северна Македонија е реалност, наметната од Зоран Заев, рече Костовски.

Read More

Продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, многу повеќе капитални инвестиции, редовна и навремена исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, при истовремена фискална консолидација, се главните цели на Предлог-буџетот за 2022 година, што Владата го усвои на седница на 30 октомври, а денеска на прес-конференција го претстави министерот за финансии Фатмир Бесими. Реализацијата на Буџетот за 2022 година ќе овозможи поддршка на економскиот раст проектиран на 4,6 %. Вкупните приходи на Предлог-Буџетот за 2022 година се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на 272,4 милијарди денари, што се…

Read More

Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите против кандидати за општина Центар со кои разговараше за развојот на општина Центар и првите приоритетни проекти. „Мило ми е што моите против кандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја“, изјави Герасимовски. Герасимовски во текот на кампањата имаше слични проекти за кои денеска подетално разговараа. На кафе средбата Герасимовски кажа дека општината ќе…

Read More

Масовно јавно финансирање и приватни инвестиции се неопходни за спас на културните и креативните индустрии, продолжување на поддршката и сите грантови, како и изнаоѓање на нови начини на финансирање и правни рамки за зајакнување на креативната економија. Ова се дел од заклучоците што произлегоа од дводневниот Трет форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија/КОВИД-19 предизвици“ што викендов се одржа во Битола. Во рамките на двата дена високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции,…

Read More

Поранешниот претседател на Уставниот Суд, Трендафил Ивановски во разговор за НоваТВ, актуелната ситуација по вербалната најава за оставка од премиерот во заминување Зоран Заев, ја оцени за избрзан чин, но дека е и доволно валиден за да се почне со процедурата за назначување на нов мандатар односно нова Влада, иако оставката, барем до моментов,не е во писмена форма. – Јавно искажаната изјава дека поднесува оставка на функцијата претседател на Влада, е сосема доволна за да се почне со процедурата за избор на нова Влада, бидејќи со неговата оставка, повлекува оставка на целата Влада. Ова што сега во јавноста се разви…

Read More

Владата денеска ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување. На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година. На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот…

Read More

Фејсбук соопшти дека минатиот месец отстранил „фарма на тролови“ со повеќе од илјада профили на Фејсбук и Инстаграм, управувана од владата на Никарагва и нејзината владејачка партија, Сандинистички фронт за национално ослободување. Трол-фармата, што претставува координирана манипулација на јавното мислење преку лажни профили, имала за цел да промовира провладини и антивладини содржини, посочи Фејсбук, додавајќи дека таа работела од 2018 година, а ја воделе првенствено вработени во TELCOR, никарагваската телеком агенција, работејќи од Манагва. Врховниот суд и Институтот за социјално осигурување во Никарагва, исто така, воделе помали групи на лажни профили, соопшти компанијата. Фејсбук посочува дека годинава отстранил уште некои…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж денеска разговараше со претставниците на Албанија и Северна Македонија и ги посети нивните павилјони на Eкспо 2020 Дубаи. Чадеж ги повика бизнисмените и компаниите од Северна Македонија и Албанија,  како членки на иницијативата Отворен Балкан, целосно бесплатно да го користат Бизнис хабот на Србија, со сета поддршка и помош во договорите за нови бизниси со партнери не само од ОАЕ, туку и од целиот свет. -На располагање имате 600 квадратни метри работен простор во Слободната зона Дубаи Југ, каде што работат голем број големи светски компании, од Икеа до најголемите светски…

Read More

„Ние и пред да започне кампањата кога го формиравме движењето „Одлучно за промени“ кажавме дека ние сме дел од парламентарното мнозинство и дека мнозинството и Владата се стабилни. И не поддржуваме одржување на предвремени парламентарни избори и формиранње ново парламентарно мнозинство што е актуелна тема сега деновиве, бидејќи на Македонија и е потреба стабилност, смета Маја Морачанин претседател на ДОМ. Истиот став го споделува и Горан Милевски од ЛДП. Се соочуваме и со енергетска криза, сеуште трае ковид пандемијата. Она што е исклучително важно е што и двете партии и ДОМ и ЛДП се прогресивни, проевропски партии и јасни се…

Read More

Координацијата на премиерот во оставка Зоран Заев и претставниците од парламентарната коалиција почнува во овие моменти во владата. Средбата следува по синоќешната најава за оставка на премиерската функција на Заев и на претседателската позиција во СДСМ, поради резултатот на изборите. Според Уставот и Деловникот на Собранието за оваа состојба има две опции. Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекува оставка на Владата. Според член 219 од Деловникот на Собранието „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во…

Read More