Author: Mirjana

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта,  изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето. По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот…

Read More

Во 2019 година се забележани 17,9 милиони смртни случаи во светот како резултат на кардиоваскуларни заболувања, односно 32 отсто од сите смртни случаи глобално. Од нив, 85% како резултат на срцев или мозочен удар. Во Европа, кардиоваскуларната болест е главна причина за смрт и тоа кај 47% од жените и 39% од мажите. Денеска, на 29 септември, се одбележува Светскиот ден на срцето. На овој ден, кога светот сè уште се бори со пандемијата предизвикана од Ковид-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Така, оваа година Светскиот ден на срцето е…

Read More

Западен Балкан  вистинско „ дувло“ за дрога, криминал и нелегална трговија. Европол и 27 земји спроведоа заедничка повеќедневна акција во рамките на која се уапсени 330 лица кои се товарат за инволвираност во трговија со дрога, оружје, како и со посредување при илегална миграција во југоисточна Европа, објави денеска Европската полиција. На терен учествувале 11.000 полицајци во акцијата спроведена од 15 -18 септември. Биле пребарани 724 локации, испрашани 33.428 луѓе и извршени 22.605 проверки на возила. Запленети биле 154 парчиња огнено оружје, 57 рачни бомби и експлозив, 2.125 парчиња муниција, 719 килограми канабис и 920 насади со марихуана. Експерти на Европол…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој  УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари. Овие средства УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти…

Read More

Професор Др. Нано Ружин викендов е прогласен за професор „ Емеритус“ на Универзитетот на Обединетите Нации во Белград , со што стана единствен претставник од македонската академска фела кој се стекнал со ова звање. Универзитерот на ООН„ European center for peace and development“ создаден е со одлука на на Генералното собрание на ООН во 80-тите години по иницијатива на тогашниот Генерален секретар на светската организација Бутрос Бутрос Гали, како научна и педагошка институција која постои во 27 држави . Седиштето е во Белград а има клонови во сите поранешни Југословенски републики ,како и во САД, Јапонија, Русија, Франција, Велика Британија..…

Read More

Четири сајтови и шест профили на социјалните мрежи откри Дирекцијата за борба со кибер криминал на грчката полиција по завршениот прв дел од истрагата поврзана со ширење лажни вести и поттикнување на граѓаните на постапки против јавно здравје, безбедноста и државата, пренесува МИА. Станува збор за сајтови и профили кои ширеле лажни вести поврзани со вакцинацијата и Ковид-19. Истрагата започна по наредба на министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикаку и денеска беа објавени првите резултати, а за конкретните сајтови и профили постојат докази дека се виновни за ширење лажни вести, поттикнување непослушност и обид за измама. Конкретниот материјал од истрагата…

Read More

На жените повеќе нема да им биде дозволено да посетуваат настава или да работат на Универзитетот во Кабул „додека не се создаде целосно исламска средина“, објави вчера новиот канцелар на училиштето назначен од Талибанците, по најновиот потег со кој се исклучени жените од Авганистан од јавниот живот. “Се додека вистинска исламска средина не е обезбедена за сите, на жените нема да им биде дозволено да доаѓаат на универзитети или да работат. Прво исламот”, рече Мохамед Ашраф Гаират на својот официјален профил на Твитер. Претходно во понеделникот, Гаират твитна на пашту-јазикот дека универзитетот работи на план за сместување студенти- женски предавачи,…

Read More

Додека состојбата не се врати на нивото пред и повлекувањето на специјалните единици, нема да стане ни збор за продолжување на дијалогот во неговата политичка димензија , рече државниот секретар на министерството за надворешни работи на Србија, Немања Старовиќ. Тој потврди дека од Брисел стигнала порака за продолжување на техничкиот дијалог во кој требало да учествува директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петровиќ , и дека од развојот на состојбата денес и утре ќе зависи дали ќе дојде до дијалогот и како ќе изгледа тој. -Не може и нема да стане збор за продолжување на процесот за дијалог во неговата…

Read More

Порталот „Косово онлајн“ утрово објави снимка на каналот you tube на која се гледа, како што се наведува во веста, припадник на противпожарна единица како во присуство на косовската полиција се искачил на антенски столб и го  симнал државното знаме на Република Србија кое потоа го испуштил да падне. Ова знаме, наведува ,,Косово онлајн“ било поставено на репетиторот на МТС во Врбовец пред два дена. https://www.youtube.com/watch?v=vQRH0IoL3kg

Read More

Данска е една од најуредените земји во светот , за чие население се смета дека е најсреќното. Ако пак го земеме во предвид само школувањето на нивните деца , се чини дека вистината сепак не е значајно поинаква. Имено едно од нивните училишта во нивниот град Варде, изградена е под посебни критериуми и значајно се разликува од вообичаените школски училници, пренесува порталот „Дјечја Посла“. Училиштата без клупи го насочуваат детското внимание на љубопитноста и креативноста За разлика од нам познатите училишни клупи, наредени во редови , Данците осмислиле нови училишни модели концентрирајќи се на развојот на љубопитноста и на креативноста…

Read More

Партиските каравани втор ден денеска од стартот на официјалната изборна кампања, меѓу граѓаните со понуда на своите програми и проекти како и со персоналните предлози за кандидати за градоначалници и советнички листи. Пренесуваме најавени активности од партиите. Централниот изборен настан на коалицијата предводена од СДСМ „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во главниот град каде ќе се одржи предизборната конвенција на кандидатот за градоначалник на македонската метропола, Петре Шилегов. Претходно претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги посети Чаир и Кисела Вода а заменик претседателката Сања Лукаревска ќе го предводи караванот во општина Петровец. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводат,…

Read More

Како што јави Скај њуз,Британската влада, најверојатно ќе ја мобилизирала војската поради огромните редици што се создаваат на бензинските пумпи низ целата земја. Ова за Скај њуз го потврдил владин изворм напоменувајќи дека оваа мерка се третира како мерка на претпазливост. Околу 90 % од британските бензински пумпи во големите англиски градови денеска „пресушија“ откако паничното купување ја продлабочи кризата во синџирот на снабдување предизвикана од недостаток на возачи на камиони, за што трговците предупредуваат дека може да ја загрози петтата најголема светска економија. Дефицитот на возачи на товарни возила се одрази врз снабденоста на продавниците и моловите тргнувајќи од…

Read More