Додека состојбата не се врати на нивото пред и повлекувањето на специјалните единици, нема да стане ни збор за продолжување на дијалогот во неговата политичка димензија , рече државниот секретар на министерството за надворешни работи на Србија, Немања Старовиќ.

Тој потврди дека од Брисел стигнала порака за продолжување на техничкиот дијалог во кој требало да учествува директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петровиќ , и дека од развојот на состојбата денес и утре ќе зависи дали ќе дојде до дијалогот и како ќе изгледа тој.

-Не може и нема да стане збор за продолжување на процесот за дијалог во неговата политичка димензија додека не се исполнат оние предуслови за кои претседателот Вучиќ веќе зборуваше-додека не дојде до статус кво на ситуацијата која ја имавме пред повлекувањето на овие еднострани потези, рече Старовиќ. Тој во гостување на РТС изјави дека дијалогот нема перспектива и дека ЕУ мора да овозможи јасен одговор дали Бриселскиот договор важи или не важи.

Германија денеска побара отстранување на специјалните единици на косовската полиција од северот на земјата и деблокирање на областа.
Русија загрижена поради, како што велат, фактот дека Приштина сака да воспостави власт над цело Косово.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, изјави дека насилството не е решение за кризата на северот на Косово.
Србите од Метохија, денеска дојдоа на Брњак со цел да ги поддржат своите сонародници од Северот на Косово кои од пред девет дена ги блокираа премините кај Јариње и Брњак поради одлуката на косовските власти да воведат реципроцитет на регистерските таблици за возилата од Србија како и поради присуството на специјалните единици на косовската полиција на двата премина на северот. Србите бараат Приштина да ја повлече одлуката со која како се наведува се крши Бриселскиот договор.

Ситуацијата е напната. Дојде до неколку инциденти но по интервенција на Косовската полиција, состојбата колку толку е ставена под контрола. известуваат локалните и странските медиуми кои имаат свои екипи на теренот.