Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво создавање „исламска средина“ па ќе им биде дозволено на жените во Авганистан да доаѓаат на универзитет или да работат

0
By Mirjana on September 28, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: outlookafghanistan.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 28, 2021 14:19

На жените повеќе нема да им биде дозволено да посетуваат настава или да работат на Универзитетот во Кабул „додека не се создаде целосно исламска средина“, објави вчера новиот канцелар на училиштето назначен од Талибанците, по најновиот потег со кој се исклучени жените од Авганистан од јавниот живот.

“Се додека вистинска исламска средина не е обезбедена за сите, на жените нема да им биде дозволено да доаѓаат на универзитети или да работат. Прво исламот”, рече Мохамед Ашраф Гаират на својот официјален профил на Твитер.

Претходно во понеделникот, Гаират твитна на пашту-јазикот дека универзитетот работи на план за сместување студенти- женски предавачи, но не кажа до кога ќе се заврши овој план.

“Поради недостаток на женски предавачи, ние работиме на план за машки предавачи да можат да ги учат студентките зад завесата во училницата.На тој начин ќе се создаде исламска средина за женските студенти да се образуваат”, рече тој напиша на Твитер.

Неговото назначување за канцелар на Универзитетот во Кабул од страна на Талибанците наиде на бура од критики поради недостатокот на акредитиви. Гајрат се спротивстави на тие проценки на Твитер, велејќи дека се гледа себеси „целосно квалификуван да ја задржи оваа фотеља“.

Талибанците, кои владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година, ги третираа жените како граѓани од втор ред, подложувајќи ги на насилство, принудни бракови и на речиси невидливо присуство во земјата.

Раководството тврдеше дека нема да спроведе вакви драконски услови, откако овој пат се втор пат на власт.

Но, тие ветувања не се остварија. Отсуството на женски претставници од нивната новоформирана привремена влада и речиси преку ноќ исчезнувањето на жените од улиците во земјата доведе до големи грижи за тоа што ќе се случи следно за половината од нејзиното население.

Милитантите во некои случаи им наредија на жените да ги напуштат своите работни места, и кога група жени протестираа против објавувањето на целосно машката влада во Кабул, талибанските борци ги тепаа со камшици и стапови.

Досега на жените им беше дозволено да го продолжат своето универзитетско образование. Но, Талибанците наложија поделба на половите во училниците и рекоа дека студентките, предавачите и вработените мора да носат хиџаб во согласност со интерпретацијата на шеријатскиот закон.

Авганистан без исламска средина жени нема да работат и да учат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.