Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Околу 1.000 демонстранти противници на вакцините излегоа на улиците во главниот град на Србија во близина на Филозофскиот факултет. Според весникот „Блиц“, полицијата ги опколила демонстрантите за да спречи евентуални немири. По првичните тензии со фрлање на запаливи предмети, ситуацијата полека се смирила, објавија српските медиуми. Еден од организаторите им се обратил на собраните луѓе, зборувајќи против вакцинацијата. Во еден момент, група демонстранти го продолжиле протестот пред зградата на српската Влада, каде едно лице почнало да фрла јајца кон полицијата и новинарите, по што, според некои медиуми, било отстрането
Во последните биланси за бројот на новозаразени, но и за оние со смртен епилог, од Ковид-19, во земјава но и во регионот па и светот, зачестена појава стануваат бројките, на млади луѓе. Во последниот 24-часовен преглед заклучно со вчера, за жал бевме сведоци на информацијата дека меѓу 41 починати, тројца се од младата генерација на возраст од 18, 23 и 31 година. Заеднички именител за тројцата е – не биле вакцинирани. 18 –годишната пациентка, според податоците во системот, немала хронични заболувања. Била донесена во тешка состојба со голема тахикардија. Напорите на лекарите да и го спасат животот, биле безуспешни. 23…
Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио Слободна Европа.На прашањето дали наскоро би имало обвинение, таа одговара потврдно. – Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа, и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, изјави Русковска, која прашана дали ова значи дека би имало обвинение, кусо одговори –Да. Меѓу другото, истражителите работеле на тоа како може Рашковски да си дозволи…
Поранешните министри за економија и финансии во бугарската техничка влада – Кирил Петков и Асен Василев, денеска го претставија својот политички проект „Продолжуваме со промената“. Кирил Петков изрази надеж дека ќе продолжи промената што почна за време на бугарската техничка влада во последните четири месеци. Тој коментираше дека промената има многу специфични и јасни цели: да ја запре корупцијата и кражбата, да ги ослободи малите и средните претпријатија и да привлече инвестиции од висока технологија. Поранешниот министер за економија Кирил Петков посочи четири критериуми за луѓето кои се приклучуваат на нивната формација: да имаат добра кариера надвор од политиката, да…
Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани вкупно 951 151 граѓанин, 297 089 домаќинства и 402 768 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Од дијаспората, пак, досега се попишани над 190 000 лица. Пописот почна на 5 септември, а е предвидено да трае до 30 септември. На последната прес-конференција, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека е задоволен од динамиката, дека е мал бројот на оние кои одбиваат да се попишат и дека очекува целата операција да заврши во законски утврдениот рок.
Во текот на вчерашниот ден (18.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…
Голем број Авганистанки денеска повторно излегоа на улиците низ Кабул да ги побараат правото на работа и студирање, спротивставувајќи му се на се помрачниот талибански исламистички авторитаризам, јави ДПА. Група од дваесетина активисти за женски права се собраа пред зградата што до неодамна беше Министерство за женски работи во авганистанскиот главен град Кабул, скандирајќи „женски права и човекови права“. Талибанците вчера го укинаа Министерството за женски работи и го заменија со Министерството за промовирање на доблест и спречување на пороци, своевидно седиште на верската полиција, чија улога е да ја спроведе јавната пристојност и да се придржува до строгото толкување…
Синоќа во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, биле затекнати гости без сертификат за вакцинација. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
СДСМ и институциите што ги преводи во континуитет се грижат за земјоделцитe. Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите. Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари. На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм. Средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Финансиска поддршка…
Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите, стои во соопштението од Прилепската општа болница. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за…
Една од темите на која денеска се спротивставија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фотографиите кои опозициската партија ги толкува како сегашни а на кои се премиерот Заев и министерот за здравство Филипче, што пак владејачката партија го оцени како потег на капитулација на центарот за манипулации на ВМРО – ДПМНЕ. -Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат. Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот. Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните,…
До синоќа на полноќ, општинските изборни комисии (ОИК) требаше да ги потврдат листите на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани, за учество на локалните избори на 17 октомври. По ова, Државната изборна комисија (ДИК), најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција или групи граѓани добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листи ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и…