Author: Mirjana

Апел од премиерот Еди Рама до нашето население да се регистрира и да стане активен дел од процесот на попис. Не останувајте без да се регистрирате вие и вашето семејство. Дијаспората исто така може да се регистрира

Read More

Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел. Канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка. Во попладневните часови премиерот Зоран Заев ќе има и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата…

Read More

Организаторите на третото издание на ТРЧАЈ БЕ  и покрај ограничувањата со протоколите наметнати од  здравствената криза, одговорија успешно на предизвикот да организираат Балканско првенство во полумаратон и пратечки две трки на 5К и 10К, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола. Од минатата година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, оттука и одлуката Балканското првенство во полумаратон да се организира во градот кој за многу кратко време создаде бренд од својата градска трка Трчај бе.…

Read More

Meѓународната федерација на новинари, изрази загриженост за состојбата во која се наоѓаат новинарите во Авганистан откако со земјата завладеа Талибанскиот режим.  Шефот на Меѓународната федерација на новинари Ентони Беланџер, вели дека „иднината е црна“ за 1.300 новинари кои се уште се во земјата. – Новинарството во Авганистан е во опасност да исчезне. Новинарите кои се обидуваат да продолжат да работат за време на талибанскиот режим, се  подложени на тепање и затворање, изјави Беланџер за британскиот весник „Гардијан“. -Талибанците не сакаат да направат премногу бранови во моментов, но тие ќе сакаат да ја преземат контролата врз се, вклучително и врз странскиот…

Read More

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска донираше хуманитарни пакети, а генералниот секретар во Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски даруваше крв во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во рамки на акцијата за дарување на крв и донирање на храна во знак на сеќавање на 11 септември, како и за одговарање на потребите на заедниците во земјава. Акцијата се организира по тринаесетти пат од Амбасадата на САД во партнерство со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина. Со донациите ќе му се помогне на Црвениот крст да им обезбеди храна и други потребни нешта за претстојните зимски месеци на…

Read More

Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи? Ова се прашањата на кои одговор преку соопштение, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. И додека е во тек истрагата од страна на МВР за заканите врз членови на дел од семејствата на жртвите како и истрагата за причините за избувнувањето на пожарот, опозициската партија главниот виновник и натаму го посочува во власта. -Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога…

Read More

Речиси секое 11-то дете кое било позитивно на коронавирус, сега искусува долгорочни ефекти од Ковид-19 , се вели во студијата на израелското Министерство за здравство. Сепак, таа бројка исклучително се намалува по неколку месеци. Тешката форма на коронавирус е почеста кај возрасните, но нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе, кои се повеќе склони кон сериозни компликации, соопшти Министерството. Телефонското истражување спроведено во јуни собра податоци од родителите на 13.834 деца на возраст од 3 до 18 години кои закрепнале од Ковид-19. Тие беа прашани дали децата покажуваат преостанати симптоми, како што се проблеми со дишењето, летаргија…

Read More

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Read More

Неефикасноста во системот на Европската унија за враќање на илегалните мигранти во нивните земји на потекло има спротивен ефект од оној што е наменет, се наведува во Ивештајот на специјалните ревизори. Наместо да ги одвраќаат луѓето од патувањето кон Европа, тие всушност се охрабруваат да го сторат тоа, според Европскиот суд на ревизори (ЕЦА), пренесува Еуроњуз. Од 2008 година досега, на околу половина милион државјани кои не се од ЕУ им е наредено да ја напуштат ЕУ бидејќи влегле или престојувале без дозвола. Меѓутоа, во пракса, помалку од еден од пет илегални мигранти се враќаат во своите земји надвор од…

Read More

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 50. седница. На дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците. Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ”, Република Либан и „EUTM RCA” во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина како дополнетиот предлог на закон за управување со отпадот, Дополнет Предлог на закон за проширена одговорност на…

Read More

Во дописот се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на коронавирусот Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус. Во дописот се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на коронавирусот. Според податоците на Министерството за здравство на Србија, од вчера, уште 27 лица починале од Ковид-19. Бројот на новозаразени продолжува да расте, а инфекција е потврдена во претходните…

Read More

Попладнево во Тирана, македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев а во која се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе остварат билатерална средба со Германската канцеларка Ангела Меркел. Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана, соопштуваат од Владата. Посетата на Германската канцеларка Ангела Меркел на Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама, а потоа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе следат одделни средби со премиерите…

Read More