Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
„ До сите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви, напиша на Твитер известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.
Со објава на Фејсбук, американската амбасадорка во земјава Кејт Мeри Брнз ги поздравува дискусиите за ревидираниот предлог на преговарачката рамка со ЕУ за старт на пристапните преговори, препознавајќи ја важноста за идентитетот и за македонскиот јазик. „Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат да ја придвижиме напред, наведува Брнз во објавата на нејзината официјална страница како и на официјалната страница на Американската амбасада на ФБ.
Изјава по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по консултацијата за францускиот предлог.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. „Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.
Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци, информираат од оваа партија која е дел од владејачката коалиција. Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По…
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско движење кое задолжително ќе учествувало на следните парламентарни избори. „Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија“, истакна Димитриевски, одговарајќи на наводите дека ќе формирал политичка партија
Пишува Нано Ружин Додека јавното мислење во нашата држава е вознемирено со бројните анализи на проектот на претседателот Макрон за деблокада на „бугарското вето“, неговата партија „Република во одење“ не успеа да го добие апсолутното мнозинство во парламентот. Овој неуспех значително ја намали „грандиозноста“ на Макрон и на меѓународен план. Тој ја загуби брилијантната репутација чија величина се споредуваше со политичкиот талент на една Ангела Меркел. Сепак неговите европски амбиции не згаснаа независно од изборниот неуспех. По неговата посета во формат на европска тројка Макрон, Шолц и Клаус Јоханис од Романија на Киев, Европската комисија ја прифати иницијативата на балтичките…
Нова Анкета за претпријатијата на ЕИБ-ЕБОР-СБ: Дали компаниите од Западен Балкан се подготвени за нова криза? Значителната поддршка на политиката за време на пандемијата помогна да се спречат банкроти од големи размери на Западен Балкан, при што само 3 % од фирмите поднесоа барање за несолвентност или трајно затворање. Трговијата со развиените економии, информациите и знаењето стекнати преку глобалните синџири на вредности и пристапот до странска технологија помогнаа во зајакнувањето на иновациите и конкурентноста во регионот. Транзицијата кон економија со нето-нула јаглерод претставува значителни ризици за Западен Балкан, додека на фирмите им недостасуваат стимулации за позеленување на нивните деловни модели.…
Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел. Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани со стартот на преговорите со Северна Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија. Висок дипломатски извор во ЕУ…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година. Со оваа одлука, Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,537%, кај дизелот зголемување во просек за 0,460%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,935 % и кај мазутот намалување во просек за околу 3,484%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Малопродажните цени…
Пензионираниот полковник на руската ФСБ, кој неодамна беше обвинет за примање мито, вчера бил пронајден со прострелна рана во неговиот стан во селото Нови крај Москва. 53 годишниот полковник Вадим Зимин пиел алкохол со својот брат, а во еден момент отишол во друга соба. Потоа се обидел да се самоубие, покажуваат првите резултати од официјалната истрага објавија руските медиуми. Тие уште известуваат дека Зимин е хоспитализиран на интензивна нега, откако бил пронајден во локва крв со прострелна рана на главата. Истрагата сеуште не потврдила дали станува збор за обид за убиство или за самоубиство. Тој своевремено бил телохранител и на…
Renault опреми специјална фабрика која се занимава исклучиво со уредување на половни автомобили. Интересно, Toyota исто така најави дека ќе почне да се фокусира на рециклирање на автомобили. Сега Refactory, како што француската компанија ја нарекува оваа фабрика, се уште е мал дел од фабриката во Флинс, но се очекува во иднина бизнисот да расте се повеќе и повеќе, пишува холандски Autoweek. Фабриката може да обработува 45.000 користени автомобили годишно. Тоа се претежно автомобили стари од три до пет години, за кои се грижат стручни лица во четири различни оддели. Работниците поправаат помали оштетувања на каросеријата, заменуваат делови, повторно ја…