Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка

0
By Mirjana on June 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 22, 2022 15:49

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани со стартот на преговорите со Северна Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија.

Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознат со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“.

„Билатералните прашања се дел од процесот на проширување, објасни овој дипломат на прашање на МИА.

Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Северна Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои“.

„Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.

Лидерите на ЕУ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го чекаат исходот од вечерашното гласање за доверба на бугарската Влада од страна на Парламентот во Софија, но сите го поздравија фактот што опозициската партија ГЕРБ најави дека ќе го поддржи договорот за преговарачката рамка, дури и да падне Кабинетот на премиерот Кирил Петков.

Вчера и државниот секретар за Европа на Франција, Клеман Бон, призна дека дел од билатералните барања на Бугарија се вклучени во францускиот предлог за преговарачката рамка, затоа што било потребно да се одговори на преокупациите на Софија.

За Европската Унија е важно во следните недели да испорача преговори со Северна Македонија и Албанија за да му даде кредибилитет на процесот на проширување кој тапка во место, посебно во момент кога и се доделува статус на кандидат на Украина. Дипломатите во Брисел не се занимаваат со деталите од билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и сакаат, речиси по секоја цена, да дадат зелено светло во следните денови, коментира друг дипломатски извор во Брисел.

Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски пристигнува попладнево во Брисел за да учествува на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан. Неизвесно е дали тој во име на Владата ќе ја прифати предложената преговарачка рамка. 

вметнати во преговарачката рамка Дел од билатералните прашања со Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.