Author: Mirjana

Ова го овозможија Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со што се обезбеди пристап до буџет на НАТО од 5 милијарди евра Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот. Со овој закон се уредува и начинот на проверка и…

Read More

Обединетите нации денеска излегоа со најнов извештај за Климатските промени со кој предупредија, дека во наредните две декади температурата ќе прогесира за над еден Целзиусов степен и дека тоа е ,,благодарение“ на активноста на човекот, зашто во периодот пред индустријализацијата Земјата била поладна за 1,1 степени. Сепак во најновиот извештај на ООН за Климатските промени се наведува дека, глобалното затоплување сега е постојана карактеристика на секојдневниот живот, но оти се` уште можат да се преземат чекори да се спречат наjлошите последици. Извештајот предупредува дека во рок од 20 години светот веројатно ќе го достигне, дури и надмине нивото на затоплување…

Read More

По спогодбите со седуммината припадници на т.н. група од Гази Баба осомничени во предметот „Планина“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог-спогодби со уште седум лица од групата во Грчец, соопштија од ОЈО Скопје. Откако биле запознаени со доказите што обвинителството ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, како што велат од обвинителство, обвинетите го признале извршувањето на кривичното дело за кое се товарат. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ги прифати Предлог – спогодбите и лицата ги огласи за виновни за сторено кривично дело – Неовластено…

Read More

Актуелната градоначалничка на Тетово на низок и недостоинствен начин за функцијата што ја извршува, ги обвинува граѓаните дека го исфрлаат отпадот од контејнерите дури и кога се пренатрупани и недоволни. Градоначалникот треба да биде информиран дека начинот на живот и потрошувачката на стоки во Тетово е зголемена во последните 10 години. Лошото управување со хигиената и чистотата во градот е од скандалозни размери, како во ниту една општина во регионот и пошироко. Затоа, нејзините соработници треба да пресметаат и да испланираат колку контејнери треба да има според просечниот индекс колку отпад има по глава на жител и колку често треба да се чистат, бидејќи овие 8 години не е направено скоро ништо. И работниците на…

Read More

Во рамките на НАТО сојузништвото за помагање во кризни ситуации, повеќе членки на Алијансата помагаат со физичка сила и со техничко-технолошка поддршка од воздух и од земја, за гасење на пожарите во Република Северна Македонија. Фотогалеријата е од Романските специјални летала за противпожарна одбрана од кои едното исфрлаше водени балони со околу 6 илјади литри вода во еден лет. Фотографии на Тоше Огњанов- VOA- Глас на Америка

Read More

Владата на вечерашната седница ги донесе следните одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19. Апелираме до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки. До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000…

Read More

Владата на Република Северна Македонија денеска го отпочна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година. Надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско. Во име на Владата, по повод две децении од загинувањето на десетмината армиски резервисти советникот Василевски вечерва положи…

Read More

ПОЧИТУВАНА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКО НА НОВАТВ, ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ПОРАДИ МИГРАЦИЈА НА СОДРЖИНИТЕ ОД ВЕБ-ПОРТАЛОТ,ОДНОСНО РЕБРЕНДИРАЊЕ НА САЈТОТ УТРЕ, НЕДЕЛА (08.08.2021) НЕМА ДА СМЕ ВО МОЖНОСТ ЗА ОБЈАВА НА ВЕСТИ. СО НАДЕЖ И МОЛБА ЗА РАЗБИРАЊЕ ОД ТИМОТ НА НОВАТВ, ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОД ПОНЕДЕЛНИК (09.08.2021) НОВАТВ ВО НОВО „РУВО“ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ МЕСТОТО КАДЕ ВИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИТЕ ТОЧНО, НАВРЕМЕНО И ОБЈЕКТИВНО ДА БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ОД ЗЕМЈАТА И ОД СВЕТОТ! ПОЗДРАВ ДО ПОНЕДЕЛНИК!

Read More

Еден месец по смртта од Ковид19, откако одби да се вакцинира поради разно-разни теории на заговор на социјалните мрежи и пред се на Јутуб,  за локалниот пејач Лесли Лоренсон (58) од малото градче на југот на Англија, Борнмаут, сторија пренесе светскиот сервис на Би-Би-Си. -Направи страшна грешка што не само себеси, туку  во опасност го доведе и неговото семејство, изјави неговиот партнер. Неговата партнерка Аманда Мичел (56), која исто така беше сериозно болна од „Ковид-19“ во исто време, рече дека смета дека вакцините се премногу експериментални. „Се чувствувам неверојатно глупаво, Лес почина непотребно“, изјави Мичел. Мичел објасни како нејзиниот партнер,…

Read More

Разновидноста, без разлика дали е културна, етничка или верска, во повеќето случаи може да биде извор на конфликт помеѓу групите од интерес или припадност, без разлика дали се Македонци или Албанци, муслимани и христијани или друга вероисповед, без разлика дали се со политичките партии, различноста има две крајности и можности, првата може да биде извор на конфликт, а втората извор на кохезија, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на панел дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор”, во рамките на одбележувањето на 20 – годишнината од Охридскиот договор. Според…

Read More

Владата на Република Северна Македонија, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе ја одржи редовната 97-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, информира владината прес служба.

Read More

Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден лет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -За рационализација на времето, за намалувањето на потребното време на гасење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје со што значително го скративме времето и воедно на истото место, односно во близина, полнат вода од базен за да не се губи време да се оди до…

Read More