Author: Mirjana

Владата почна реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година.  Притоа, го задолжи Министерството за труд и социјална политика  да донесе Програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, за што ќе биде објавен повик на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект, соопшти владината прес-служба.

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 јуни.  Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензии до…

Read More

Центарот за управување со кризи  информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедиста, дехидрирани и во лоша состојба, кои што после скопското село Кожле, се изгубиле во пределот со многу патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото.  Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи и со Брзата помош. Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни…

Read More

На денешната владина седница  разгледан Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри. Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија. Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање.

Read More

На предлог на Министерството за одбрана, Владата донесе  одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и Одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата на  Република Северна Македонија за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција. Исто така, беше донесена и  Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија…

Read More

Околностите што му претходеа на исчезнувањето на 27- годишниот Матеј Периш, изјавата на лицата кои пред исчезнувањето биле во негово друштво, со извршените проверки и обдукцискиот наод, не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со некаков вид на насилство. Имено, во обдукцијата што ја изврши Институтот за судска медицина по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, констатирано е дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите. Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, во присуство на етил алкохол. Исто така, во примерокот…

Read More

Војната во Украина ја преиспитува отпорноста на економиите од Западен Балкан што сè уште се опоравуваат од пандемијата, изјави денеска Дебора Револтела, главен економист во Европската инвестициска банка (ЕИБ), презентирајќи истражување за тоа дали компаниите во регионот се подготвени за нова криза. „Новите ризици и зголемената неизвесност вршат притисок врз прекуграничните трговски текови. Ова е важно, бидејќи нашата анализа покажува дека издржливоста на иновативните капацитети на компаниите е поврзана со нивното учество во глобалните синџири на вредности и трговија“, рече Револтела на презентацијата на студијата пред Стратешкиот комитет за инвестициска рамка за Западен Балкан во Рим.

Read More

Настанот за кој денеска информира СВР Битола се случил синоќа нешто по полноќ. Имено 43 – годишната пациентка на психијатриската болница во Демир Хисар се здобила со тешки телесни повреди откако испаднала од болничкото возило марка „Рено“ со битолски регистерски ознаки, кое ја транспортирало болната кон Битола. Настанот се случил на крстосницата за с. Кутретино.  Возилото го управувал вработен во демирхисарската психијатриска болница, 34 годишно лице со иницијали И.Д. соопшти МВР. Во  возилото имало и медицинска сестра. При контрола на повредената пациентка во Клиничката болница во Битола, и биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во полициското соопштение.  Увид на…

Read More

Советот на Европската унија, со оглед на зголемените закани за новинарите, а со тоа и пречките за слободата на изразување и информирање, денеска донесе заклучоци за заштита и безбедност на новинарите и медиумските професионалци. Членките на ЕУ ја повикуваат Европската комисија да го зголеми финансирањето на независното и истражувачко новинарство и да обезбеди онлајн безбедност и слобода на говор за новинарите и другите медиумски професионалци во сите релевантни иницијативи кои ја следат дигиталната стратегија на ЕУ. Како што се наведува во соопштението, Советот признава дека многу новинари и други медиумски професионалци не можат секогаш да работат слободно и независно. Според…

Read More

Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука во врска со канонскиот статус и укинувањето на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија. „Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог и духовна радост добредојдени одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името…

Read More

Државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон, одговори на некои од дилемите околу францускиот предлог за преговарачката рамка, но не навлезе во детали за да не ги загрози преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА за време на денешната прес конференција по Советот за општи работи дека францускиот предлог внесе билатерални македонско-бугарски прашања во преговарачката рамка, Клеман Бон се огради од ставот дека францускиот предлог е спротивен на македонските интереси, но истакна дека треба да се земат предвид бугарските преокупации на внимателен начин. „Држевме до принципот, во контакт со Европската Комисија и нашите европски…

Read More

Документите за преговори меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија немаат  печат на строга тајност и се вклучени во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри, соопшти бугарското  Министерство за надворешни работи по прозивката на министерката Генчовска да го тргне од тие документи печатот на строга доверливост. Бугарското МНР дури и ги објави јавно броевите на тие документи, јавува новинската агенција БГНЕС. -вх. № КВП – 47-253-05-71 / 20.06.2022 година; изх. № 01-00-233 / 20.06.2022 година; -вх. № КВП – 47-253-05-72 / 20.06.2022 година; изх. № 01-00-233 / 17.06.2022 година; -вх. № 04.06-781 / 20.06.2022 година; изх.…

Read More