Војната во Украина ја преиспитува отпорноста на економиите од Западен Балкан што сè уште се опоравуваат од пандемијата, изјави денеска Дебора Револтела, главен економист во Европската инвестициска банка (ЕИБ), презентирајќи истражување за тоа дали компаниите во регионот се подготвени за нова криза.

„Новите ризици и зголемената неизвесност вршат притисок врз прекуграничните трговски текови. Ова е важно, бидејќи нашата анализа покажува дека издржливоста на иновативните капацитети на компаниите е поврзана со нивното учество во глобалните синџири на вредности и трговија“, рече Револтела на презентацијата на студијата пред Стратешкиот комитет за инвестициска рамка за Западен Балкан во Рим.