Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
За работата во првите 100 дена, Владата добила оцена 2,44 од максимум 5, покажало истражувањето на МЦМС за чии потреби анкетата ја изработила агенцијата М Проспект. Од МЦМС велат дека анкетата не содржела рејтинзи на партиите туку симпатизерство. Високи 65,1 отсто од граѓаните изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања. На прашањето: „ Ако утре се одржат парламентарни избори за која партија ќе гласате“ , според анкетата ВМРО-ДПМНЕ ќе освоело 20,7 отсто од гласовите а СДСМ 14,6 отсто. За ДУИ би гласале 7,8 отсто, за Алијанса 2,9 отсто а за БЕСА 2,3 отсто. Поддршката за Левица е 5,2 отсто…
Република Србија донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е објавено во Службениот гласник на Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа следните општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.
На овој велик ден кога ја чествуваме и Педесетница, слегувањето на Светиот дух на апостолите на педесеттиот ден од Неговото воскреснување, стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник на нашата древна црква, Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, напиша меѓу другото на ФБ, министерот за внатрешни рабогти Оливер Спасовски кој како дел од владината делегација, присуствуваше на синодалната литургија во Фанар. Во написот стои: Историски настан со кој се исправа долгата неправда над нашата Црква –официјално востановено е канонско единство и враќање на МПЦ-ОА меѓу православните цркви. Дозволете да го искажам впечатокот…
Министерката за одбрана која беше дел од владината делегација на литургијата во Фанар на својот ФБ профил напиша меѓу другото дека добиле ветување дека целиот процес со доделување на томос за автокефален статус на нашата црква ќе се случел многу наското. Еве што уште напиша Петровска на ФБ. Нашата Охридската Архиепископија која е столб на национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет! Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност и благодариме…
Полска денеска информира дека го завршила поставувањето на ограда во должина од 140 километри, по должина на границата со Белорусија. Со ова полските власти, како што образложуваат сакале да превенираат евентуален мигрантски бран, како лани кога огромен број на луѓе навалиле да ја поминат границата и да влезат на полска територија.
Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа во овој град. Полицијата веднаш излезе на терен и ги презеде потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавите, водејќи сметка за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина. Пребарувањето на просторот се врши во „City Centеr one East“, „Garden Mall“ во населбата Дубрава и „Family Mall“ во Јанкомир. Од полицијата посочуваат дека засега нема место за паника.
Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина. Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија. Како што посочија од Здружението, протестот се организира „да потсетат на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на децата“.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно на неговиот твитер профил го објави видеото на кое тој го претстави македонскиот премиер на германскиот канцелар Шолц како „премиер на идна западна Бугарија“, за кое вчера појасни дека била досетка – сарказам за Бугарија и иронија за ЕУ. Тој денеска со преобјава на видеото од тој чин коментира дека е за смеење и плачење хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски. „За смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија…
Премиерот Ковачевски имаше тет-а-тет средба со Неговата Сесветост Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски патријарх, Вартоломеј, Патријарх на Вселенската патријаршија. Премиерот Ковачевски и во оваа прилика ја изрази благодарноста до Неговата светост Патријархот Вартоломеј за неговата храбра одлука да ја прими во заедништво јерархијата на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија во канонско единство со православната заедница, којашто беше веднаш поткрепена со соодветен Патријаршиски и Синодален Акт. Ковачевски на средбата истакна дека постапката на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската патријаршија претставува историски настан со кој конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква, ја прави нашата црква реалност…
Во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спроведоа акциска контрола во Прилеп, Куманово и во Пробиштип. Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи…
На крајот од денешната 5 – часовна заедничката литургија меѓу Вселенската патријаршија и Македонската православна црква отелотворена во Охридската архиепископија која се одржа во Фанар, Истанбул Патријархот г. Вартоломеј и Архиепископот г. Стефан се прегрнаа а претходно и двајцата одржаа беседи, Вартоломеј на грчки а Стефан на македонски јазик. „Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот,…
Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на Меѓународната конференција за дигитализација на судството која се одржува во Охрид на тема „Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата на судството”. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски а домаќин е Министерството за правда. Министерот Тупанчески во своето обраќање порача дека во време во кое човекот со напредните технологии успеа да стигне до простори во вселената на светлосни години оддалеченост и за тоа добива информации скоро во реално време, не треба да имаме сомнеж дека државата треба да направи се овие технологии да ги…