Author: Mirjana

Првиот ресторан на руската верзија на синџирот Мекдоналдс се отвора денеска во Москва, откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија. Во и околу Москва ќе се отворат 15 продажни места, под ново име и лого, но на истите локации, со ист персонал и речиси идентични понуди за храна. По повеќе од 30 години, Мекдоналдс во март ги затвори своите руски ресторани, како одговор на инвазијата на Русија врз Украина. Синџирот вработуваше повеќе од 62.000 лица во цела земја. Некои ресторани на аеродромите и железничките станици засега ќе продолжат да работат под…

Read More

Покрај свештенството од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и од неколку духовни светилишта во земјава, како и верници кои организирано заминаа  за Патријаршиската и синодална литургија,  во соборниот храм на Вселенската патријаршија во Фанар „Св. Георгиј Победоносец“ , присуствува и владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, во која се и министрите за надворешни и за внатрешни работи и за одбрана Османи, Спасовски и Петровска. На премиерот му беше укажана чест , со тоа што му беше дадено да ги прочита молитвите „Симболот на верата“ и „Оче наш“ во име на народот на својата земја. Ова е традиција во Вселенската…

Read More

96 санкции за брзо возење со т.н. ноќен радар на подрачјето на СВР Тетово. Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки. Од нив 41 мерка се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото. Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, а санкционирани, исто…

Read More

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 часот на 11.06. до 05.00 часот на 12.06.2022 на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај и ќе бидат соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Read More

На денешната Патријаршиска и синодална литургија во Истанбул, присуствуваа и многу верници кои организирано со автобуси заминаа во Фанар да го проследат радосниот чин. Дел од нив јавно ги споделија своите впечатоци за значењето на овој настан за нашата црква но и за државата.

Read More

На бензинската пумпа на Хан Плоча во Кисељак девојка наполнила гориво и побегнала. Оваа информација е објавена на Вибер групата „Полицијата и состојбата на патот СБК“, а набрзо почнала да се шири на социјалните мрежи и порталите во регионот. На видеото што го објави порталот Тузлански.ба може да се види помлада жена за која работниците велат дека наполнила гориво за 100 евра, а потоа побегнала. Оваа несекојдневна кражба се случила  вчера попладнето во 18 часот и 40 минути. https://www.youtube.com/watch?v=Klu3FZ8jg9A&t=274s

Read More

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 121 долар. Пред три недели, барелот беше околу 110 долари и помалку, а цената постојано се зголемуваше во последните денови од две клучни причини: Инвеститорите ги оценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради загревање на летната сезона на возење во САД и излегувањето на Кина од ковид-19 локдаунот. Пазарот на криптовалути е во црвено од утрово. Вредноста на биткоинот денес изнесува 27.492 долари, што е намалување за речиси 6% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Read More

Од осум часот изутринава во Франција се отворени гласачките места. Во првиот круг од изборите има речиси 6.300 кандидати за 577 пратенички места во Националното собрание. Оние кои нема да бидат избрани денеска, за да влезат во вториот круг на 19 јуни треба или да бидат на првите две места во нивната изборна единица или да ги добијат гласовите на најмалку 12,5 отсто од запишаните гласачи. Во добар дел од прекуокеанските територии веќе се гласаше вчера. Речиси 6.300 кандидати се борат за 577 места во Националното собрание, односно 20 отсто помалку од 2017 година, ова особено се должи на договорот…

Read More

Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра. Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија. „Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е пронајден и список со имиња, како и мобилни телефони и друг доказен материјал  кои ќе се користат во истрагата во откривањето на соработниците, пренесува Ора њуз повикувајќи се на извори од  италијанската полиција. Се додава дека ангажираноста на италијанските власти посебно е насочена кон идентификација на каналот…

Read More

Ја следите во живо Патријаршиската и синодална света литургија меѓу Вселенската патријаршија и МПЦ-ОА која се одвива во соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул. Со неа чиноначалствуваат вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и поглаварот на МПЦ-ОА г.Стефан.  На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски  а во неа се  министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски. https://www.youtube.com/watch?v=RxRGPE54_BY

Read More

Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Објаснуваат дека првиот тест за „non-variola orthopox“, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот. Во соопштението од ЕОДИ истакнуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска,…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Киев заедно со лидерите на Франција и Италија пред самитот на Г7 во јуни, јави синоќа германскиот високотиражен весник „Билд ам Зонтаг“. Заедно со Шолц, во Киев треба да пристигнат и францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги, пишува весникот, повикувајќи се на извори од француската и украинската Влада. Портпаролот на германската Влада одби да го коментира пишувањето на „Билд“ од саботата вечер, наведуваат британските медиуми, додавајќи дека Елисејската палата во Париз и италијанската Влада не одговориле веднаш на барањето за коментар. Од почетокот на руската агресија на 24 февруари, голем…

Read More