Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Полските вооружени сили соопштија дека денеска почнаа воените вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО. Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее руската војна против Украина. Армијата објави дека 18.000 војници од повеќе од 20 земји ќе учествуваат во вежбите „Бранител на Европа 2022“ и „Брз одговор 2022“, што се одржуваат во Полска и во уште осум земји. Вежбите ќе траат до 27 мај. Поради тие околности полската армија денеска апелираше до јавноста да не објавува информации или…
Жителите на Албанија првомајските празници ги дочекаа со нови цени на основните прехранбени артикли и горивата. Според одлуката на Бордот за транспарентност, што ја објави Владата, нови цени добија маслото за јадење, шеќерот, оризот и брашното, а пред еден ден и горивата. Литар масло за јадење се продава по повисока цена од 60 лека (едно евро = 120,99 леки) и сега чини 381 лека (3,1 евро), килограм шеќер 121 лека, ориз 109 лека и килограм брашно 79 лека. Нови цени имаат горивата. Така, нафтата е поскапа за 10 лека и изнесува 243 лека (1,99 евра) за литар што е највисоко ниво на…
Ивица Осим почина на 81-годишна возраст во Грац, Австрија каде што живееше последните години, објави Јутарњи лист. Тренерската работа ја прекина во 2007 година окончувајќи ја кариерата на клупата на јапонската репрезентација. На клупата за прв пат седна во 1978 година кога стана првиот стратег на Железничар во кој помина најмногу сезони во својата играчка кариера. Сараевскиот клуб го водеше до 1986 година, кога ја презеде репрезентацијата на поранешна Југославија, која ја водеше до 1992 година. Беше тренер и на Партизан, Панатинаикос, Штурм Грац и јапонскиот ЏЕФ Јунајтед Чиба. Имаше успешна тренерска и играчка кариера. За Железничар одигра 166 натпревари…
Најпознатиот светски фудбалски агент Кармине Раиола, попознат како Мино, почина во саботата, два дена откако италијанските медиуми „однапред“ објавија неточна вест. Контроверзниот 54-годишник се грижеше за кариерата на многу ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд и Пол Погба, а на сите трансфери заработи многу. Само при трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година, тој заштеди 25 милиони во џебот, а неизбежниот трансфер на Ерлинг Халанд доцни поради огромната провизија на Раиола, која го направи значително поскап од излезната клаузула од 75 милиони, пишува хрватски Индекс. Тој преговараше за трансфери вредни повеќе од 800 милиони евра…
Обединетите нации предупредија дека војната во Украина сериозно влијае на нивната способност да ја достават итно потребната храна во земјите ширум светот бидејќи голем дел од неа е заглавена во украинските пристаништа. – Во моментов, речиси 4,5 милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа и на бродови и не можат да се користат, изјави директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP) во Германија, Мартин Фрик. Извозот на храна е исклучително тежок бидејќи украинските пристаништа и поморските патишта се недостапни поради руската инвазија,
Група од околу 40 цивили денеска пристигнаа во центарот за привремено сместување откако ја напуштија областа околу фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол, јавува Ројтерс. Британската агенција наведува дека на фотографиите на нејзиниот фотограф се гледа како цивили пристигнуваат во селото Безимено, во регионот на Доњецк, со автобуси со украински регистарски таблички, во конвој со руски сили и возила со симболи на Обединетите нации. Со вакви информации денеска излезе и руското Министерство за одбрана. Две групи со вкупно 46 цивили вчера преку хуманитарниот коридор ги напуштија објектите на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол, соопшти денеска руското Министерство за…
Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на, како што се наведува, „непријателските земји“. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји, јавуваат руските агенции. Законот предвидува суспензија на визното олеснување за неколку категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и за новинари и за официјални делегации, наведува РИА Новости.
Првиот човек на Исламската верска заедница во земјава Реисул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи ја упати рамазанската порака по повод Фитр Бајрам . Ова е празник на кој ја славиме победата на доброто над злото, воздржувањето над емоциите. Ова е месец на кој помоќниот му подава рака на помалку моќниот и на кој сиромашните се помагаат од побогатите за ниедна куќа и трпеза да не остане празна, вдели во својата порака Реисул улема Фетаи. Што уште порача поглаварот на ИВЗ од видео пораката подолу. https://www.youtube.com/watch?v=wx3HjeNOBEk
Во првите четири месеци од 2022 година лишени од слобода се 42 лица од страна на Оперативниот тим задолжен за пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од казнено-поправни установи на територијата на државата и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ. Од страна на овој тим се преземаа низа мерки и активности за редовно прибирање сознанија за лица кои се предмет на потраги по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно…
Претставниците на ССМ денеска од пред владата побараа линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите работници во државата и во јавниот и во приватниот сектор и враќање на К-15. Барањата се испорачаа во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по што продолжија на дијалог во владата.
ССМ ги испорачува барањата од пред Владата.
Претседателот на ССМ со изјава која ја даде на почетокот пред протестниот марш до владата им го честита празникот на сите работници и вети бескомпромисна борба за сите работнички права.