Author: Mirjana

Доколку се запре снабдувањето со руски гас, најпогодената членка на ЕУ нема да биде никој друг туку нејзината најголема економија – Германија – која ризикува рационализирање и рецесија, ценат германската централна банка, германските аналитичари и индустријата. За Европа, последиците од рецесијата во нејзината најголема економија не можат да бидат потценети – ефектот на „снежните топки“ од зголемените цени на енергијата ќе ги вовлече повеќето други економии во рецесија, пишува во анализата OILPRICE. Германија зависи од рускиот гас за околу половина од нејзините потреби, при што многу индустрии користат гас и околу половина од сите домаќинства се греат на гас. Руската…

Read More

Министерството за внатрешни работи на самопрогласената област Придњестровље во источна Молдавија, соопшти дека дошло до две експлозии во селото Мајак во Григориополската област. Експлозиите ги онеспособиле двете најсилни антени на радио центарот кој емитува програма на руското радио, пренесува РИА Новости. Во експлозиите немало повредени.  

Read More

Бордот на директори на Твитер ја одобри продажбата на компанијата на милијардерот Илон Маск за 44 милијарди долари, соопшти компанијата. Со овој договор една од највлијателните социјални мрежи на светот во целост преминува под контрола на најбогатиот човек, според листата на Форбс. Извршниот директор на Тесла и Спејс-икс стана еден од најголемите акционери. Маск, изминатите денови во повеќе наврати истакнуваше дека негова цел е да ја засили слободата на говорот на платформата и да го „отклучи“ исклучителниот потенцијал на Твитер, потсети Си-Ен-Ен. 

Read More

Податоците на лондонската берза ICE денеска евидентираа скок на цената на гасот над 1.100 долари за илјада кубни метри.  Нафтата за испорака во мај или таканаречените „фјучерс договори“ во холандскиот центар ТТF се тргуваше  по цена од 1.101,6 долари за 1.000 кубици,   пренесува Тасс. Цената на гасот во Европа падна под 1.000 долари за илјада кубни метри на 19 април, за прв пат по 23 февруари, забележува руската агенција.

Read More

Во џамија во градот Мазар Шариф се случила експлозија за време на пладневната  молитва , јави локалниот телевизиски канал „1ТVNews“ , повикувајќи се на свои извори. Најмалку 10 верници го изгубиле животот а повредени биле 40 како резултат на силната експлозија за време на молитвата во џамијата во градот Мазар Шариф , соопштил началникот на болницата,  Гавсудин Анвари. Анвари рекол дека мртвите и ранетите биле донесени со коли за итна помош и со приватни автомобили пренесува агенцијата Асошиејтед пресс. Ројтерс пак јавува за уште една експлозија во Авганистан во градот Кундуз каде имало 11 загинати и голем број повредени. Новинската…

Read More

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во рамки на пролетните средби со претставници на ММФ и на Светска банка во Вашингтон, оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, соопшти Министерството за финансии. – Mожноста за продлабочување на економската соработка со САД и енергетската криза биле главни теми на дискусија. Од своја страна високиот американски дипломат ја потврди неизмерната политичка поддршка од страна на САД за нашата земја како и силната агенда за земјите од Западен Балкан општо. Заложбите на САД целиот регион да се интегрира во…

Read More

Министерот за здравство  Беким Сали на прес конференција изјави дека обдукцискиот наод за хрватскиот ракометар Денис Тот ќе го соопшти јавно , како што ветил, откако како Министерство за здравство ќе го добиеле од Судска медицина. – Сега да не вршиме притисок врз институцијата Судска медицина, јас како што ветив ќе го објавиме јавно наодот, штом ќе го добиеме од оваа институција, изјави Сали. Ракометарот Денис Тот  во утринските часови меѓу 6 и 7 април, беше физички нападнат по што и хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, каде и покрај обидите за реанимација, тој, сепак, им подлегна на повредите во…

Read More

До крајот на април секое утро пред разденување на југоисточниот дел на небото може да се види вистински небесен спектакл, релативно ретко порамнување на Јупитер, Венера, Марс и на Сатурн кои се наоѓаат распоредени дијагонално на небото а ним потоа ќе им се придружи и месечината. Да се видат планетите на Сончевиот систем наредени во права линија е едно од многуте доживувања кои предизвикуваат стравопочит кога се работи за посматрањето на ѕвездите, а до крајот на април ќе имаме прилика тоа да го видиме со свои очи. Од средината на месецот, кога се гледа од северната хемисфера, пред зори, може…

Read More

Градежните работи за целосна реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ која меѓу карпошани, но и ширум државата е позната под името „Партизан“, се одвиваат во полн ек.  Во овој објект во кој се изнедриле голем број спортски имиња  и  кој се очекува да биде завршен за 20 месеци, државата инвестира 69, 5 милиони денари а целта е некогашниот „Партизан“ а сега „ Наум Наумовски Борче“ да биде целосно современо и функционално уредено спортско игралиште со кое би се вратил некогашниот дух на спортски ентузијазам и место за  спортски активности на младите и на сите граѓани.  „Култната сала „Партизан“, заслужува да…

Read More

Премиерот Ковачевски е оптимист дека решение за покачување на платите во образованието може да се најде и дека ќе се најде.Но, како што дополни, синдикатот требало да е исправен пред себе и да не ги доведува до заблуда вработените во образованието. – Ние ја качивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене ги доведе и во заблуда наставниците бидејќи и вчера ја гледав прес-конференцијата на СОНК, каде претседателот ги образложува членовите од…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека има простор да се седне и да се продолжи дијалогот со Бугарија, но само ако се води врз основа на меѓусебно почитување како политичари, ако не го повредува достоинството на граѓаните и ако се води според европските стандарди. – Во однос на настанот кој се случи во саботата, тој не е ништо помалку од провокација која ги буди духовите од минатото. Докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Павелиќ не може да е мост на пријателство меѓу две држави и народи или мост на градење европска перспектива за една држава. Овој настан не оди…

Read More

Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави 96 роденден а покрај бројните честитки и почести таа добила и Барби кукла за платинестиот јубилеј од владеењето. Барби куклата со ликот на Елизабета Втора, облечена е во фустан со бисерно бела боја со сина лента украсена со минијатурни медаљони и со тијара која е копија на тијарата која британската кралица ја носела за време на венчавката . Елизабета дошла  на тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на својот татко , Кралот Џорџ  VI.

Read More